Домашна месечина: извонредно дизајнирана ламба

29.09.2015 16:08
Домашна месечина: извонредно дизајнирана ламба

Тајванската компанија Acorn Studio, со Luna, нивнaта серија на ламби во форма на месечини кои му даваат посебен магичен елемент на дизајнот на ентериерот, нуди можност за осветлување на просторот и духот со инкорпорирање на убавината на природата во домот.

Овој декоративен предмет со смирувачко својство, ги брка ноќните сеништа со нежниот сјај кој доаѓа од секоја уметничка интерпретација на полната месечина. Секоја ламба е рачно изработена и уникатна и со секое пакување оди кабел и халогена сијалица, како и алатки за прилагодување на осветленоста. Постојат седум различни големини и ламбите можат да се закачат на таванот или да стојат самостојно.

Домашниот декор може да има големо влијание на расположението и емоциите, а месечината е особено моќен симбол на мистичното и божественото. Таинствената светлина на лунарниот циклус отсекогаш ги маѓепсувала луѓето. Овие ламби овозможуваат на еден специфиечен начин да го трансформирате вашиот простор за живеење со безвременскиот сјај на полната месечина.

Интересниот спој на природниот свет и денешната модерна технологија и дизајн, ја носи топлината и мистеријата на полната месечина во домот и го прави живот понеобичен и поубав.


Извор: www.mymodernmet.com