Учејќи мајмун да пишува песни

30.09.2015 17:02

Немаа многу тешкотии
учејќи мајмун да пишува песни:
прво го закаишија врз столот,
потоа моливот му го врзаа за дланка
(хартијата долу веќе беше захефтана).
Потоа др. Блонд се наднесе преку рунтавото рамо
и му дошепна директ в уво:
„Изгледа добро сте сместени,
Зошто не се обидете нешто да напишете?“

Препев: П. В.

Џемс Тејт (James Tate, 1943), американски поет, прозаист, уредник, професор по креативно пишување. За себе вели дека пишува во „традицијата на непуристите“ и ги спомнува Витмен, Вилијамс и Неруда. Вели: „Песната е човеков највозвишен напор зашто е бескорисна“. За него, поезијата истовремено е форма на протест и на прослава.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото