Женските професии од иднината замислени во 1902 година

01.10.2015 10:57
Женските професии од иднината замислени во 1902 година

Со колекцијата на картички од 1902 под наслов „Жените на иднината“, францускиот уметник Алберт Бергерет се обидувал да ги замисли работните позиции и професии на жените во модерната ера.

Сигурно во тоа време тие биле доста инспиративни за младите девојки и жени. Да биде новинарка, студентка или докторка, за жената од 1902, таквата замисла претставувала нешто што е далеку од реалноста. Сепак, дел од изборот на гардеробата се чини по малку сомнителен и чуден. Особено скудно облечените жени со воени професии. Како и да е, може да се види дека жените на овие фотографии гордо позираат и се чини дека навистина уживаат во создавањето на ликот кој е соодветен за нивната одбрана професија. Покрај тоа, целата колекција е интересна особено поради временската дистанца, поради идејата дека доаѓа од некое друго и далечно време.

Извор: dangerousminds.net

Слични содржини

Општество / Графички Дизајн / Историја
Графички Дизајн / Историја
Графички Дизајн / Око / Историја
Графички Дизајн / Историја
Графички Дизајн / Историја

ОкоБоли главаВицФото