Волк

03.10.2015 11:07
Волк

Срна

Дали сте виделе срна?
уште не сте? Леле!
Ајде тогаш в ноќва црна
меѓу борови и ели.

Ќе подвикнеме кај стеблата:
Ој, срничке страдна,
румен ти носиме лебец,
за да не си гладна!

И ќе дојде ‒ витка, нежна ‒
низ брезовите гранки,
ќе ни јаде в ноќта снежна
сладок леб од дланки.

Волк

Тоа е волкот, друг не е ‒
другото само е јанѕа празна.
Но, само кога тој гладен бдее,
имаме страшна сказна.

Каква? Затворете очи,
па ќе ви се каже.
Не? Чудно. За таков злочин
песнава не ќе лаже!

Матеј Бор (или Владимир Павшич, 1913-1993). Поезија објавувал уште како многу млад, од 1928 година. Во НОБ се вклучува од 1941 година. Меѓу партизаните пишувал драмски текстови и партизански песни. Најпознат е како мошне читан и влијателен писател за деца. Познат е и како преведувач на Шекспировите драми на словенечки. Бил редовен соработник на списанијата за деца и млади Цицибан, Пионир, Пионирски лист, Најдихојца, Мали Род (Клагенфурт) и The Voice of Youth (Чикаго).

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.
Слики: Петр Багин

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото