1027 hPa
75 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 07:59
Артур Ракам (1867-1939), англиски ликовен уметник и илустратор. Започнал да работи како новинар и илустратор во Westminster Budget, 1892 година. Неговите први посериозни илустрации ги создава во 1894 година, за The Dolly Dialogues, собраните записи на Ентони Хоуп. Оттогаш па сè до смртта, професионално ќе се посвети на илустрирањето книги за деца.
Ракам се смета за еден од најважните илустратори од „Златната доба“ на британската илустрација, која отприлика го опфаќа периодот од 1890 до крајот на Првата светска војна.
Од обемното творештво на Артур Ракам, ги претставуваме неговите илустрации на „Пепелашка“ од Шарл Перо, објавена 1919 година.
Извор: www.fairyroom.ru