Визија

06.10.2015 02:48
Визија

Илон Маск има визија преку радикални интервенции во енергетската матрица на светот со обновлива и бесплатна струја да го прошири просторот на слбодата на човекот, да го подобри квалитетот на животот и, попатно, да ги спаси цивилизацијата и планетата, Ричард Брансон има визија да ја направи можна, достапна и евтина космичката и патувачка димензија на човекот, Марк Цукерберг има визија да го интегрира светот преку социјалните мрежи и новите технологии, Мојсеј имал визија да ги спаси Евреите, Исус и Мухамед имале визија да го спасат човекот, комунистите имале визија да ја одржавотворат Македонија, луѓето од улицата Бихаќка во Скопје имаат визија за Македонија. Во што е разликата меѓу македонската визија односно визијата за Македонија и другите визии?!

Сите, дури и така извртените визии, како што е смртоносната визија на Џим Џонс за спас на следбениците во опашката на некоја комета од лансирната рампа во Гвајанската прашума, се обоени со страст, храброст, ризик, жртва, а многу од нив и со знаење и умеење, само визијата на СДСМ е комплексна квазиполитичка компилација натопена во шестоодделенски рецитации на малиот Ѓокица на следниве теми: дали сакате сиромашните да не бидат сиромашни (со можност да бидат и богати), дали сакате болните да бидат здрави, грдите убави, ниските високи, високите колку што сакаат пониски за да немаат проблеми со хотелските кревети и со ниските тавани на македонската култура, дали сакате државата да ви ги продава доматите, дали сакате со социјалната помош да можете да летувате во Амалфи и на Капри и слични патоси, баналности и глупости!

Ме интересира: дали тоа што во „визијата“ не е допрено ама ниту едно базично прашање, ниту еден „носечки столб“ на македонската драма, е случајно промашување или и тоа е дел од „визијата“ да се совладува историјата со слатки љубовни шепотења!

Неверојатно!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња