Западниот начин на живот и онака не може да се спаси

06.10.2015 14:27
Западниот начин на живот и онака не може да се спаси

Марко Дробњаковиќ

 

Неодамна, во едно друштво во Хрватска, запознав жена која среде општ муабет ме праша: го чувствувате ли вие во Лондон, во секојдневниот живот, влијанието на исламот? Ми се чини дека заградата висеше во воздух - бидејќи таму имате толку муслимани.

Можеби, изненадена од од прашањето, не се изразив веднаш доволно содржајно, но прашањето остана со мене.

Ако ја исклучиме можноста дека сум како „спијач“ од шпионските филмови, несвесна за влијанието сè додека не ми заѕвони телефонот и некој не ми ја шепне лозинката, нешто како „инша Алах“, јас не го чувствувам.

Нашиот начин на живот

Малку повеќе сум информирана за исламот отколку што бев порано, зашто истото прашање постојано е латентно присутно во британскиот живот. Имам некои не баш толерантни ставови за бурката и шеријатскиот закон, и цела низа мислења за Саудиска Арабија поради кои таму, без сомнеж, би ме поздравиле со камшик, камења или солна киселина, но од друга страна, имам и тврдоглав и упорен недостиг на недоверба во муслиманите.

Исто така, линијата на демаркација во Британија помеѓу „ние“ и „тие“ редовно ме збунува и не знам каде спаѓам, но после годините на бела, источноевропска закана, заканата сега има друга боја на кожата и главно друга вера. Па, да речеме дека припаѓам на средните вредности на она што се нарекува „наш начин на живот“, поим кој, судејќи според многу извори, постојано е под напад, но како и да свртиш, сè уште не се дава.

Кога пред 13 години дојдов во Лондон, за мигрантите знаев малку. Малку од оние наши денови, за гастарбајтерите, и тоа со никогаш преиспитаниот паушален градски снобизам.

За бегалците знаев од оние наши други денови. За тоа дека е страшно да се биде бегалец, дека погледот на нив го крши срцето, а и дека емпатијата е акутна работа и опстојува само ако бегалецот покажува постојана понизност и благодарност.

Петрос Јаникурис

А не таму, по хотелите, да демонстрира недостиг на домашно воспитание. Зашто бонтон си е бонтон, без разлика дали си поминал егзистенцијална траума или не. А за азилантите, и за тоа дека неумоливо ги произведува глобалниот капитализам, допрва почнав да дознавам. Во тогашна Хрватска, загледана само во себеси и едниот сосед, малку се мислеше за глобализацијата.

На една британска телевизиска програма открив што се тоа прифатни центри за баратели на азил. Подоцна, истражувајќи ги за драмата која ја пишував, дознав дека поради правни, културолошки и практични бариери, обработката на барањето за азил понекогаш трае и неколку години и дека многу апликанти ги поминуваат заклучени во ќелиите и прифатните центри. Официјално неутрални, но реално осомничени како лажливци, чмаат во тие ќелии, додека времето на обработка се води како „неизвесно“. Една таква барателка ми рече дека „не знае колку треба да чека, исто како да е засекогаш.“

На таа програма, пред тринаесет години, некои усвитени Британци врескаа за заштита на нашиот начин на живот од, во тој случај, Ирачаните. Секако, и пред да почнам да го бележам времето во Британија, таа синтагма добро поминуваше. Нашиот начин на живот во Британија трајно се одвива на матрицата на антимигрантското врескање. Мегафонот малку е вперен кон Африка, малку кон источна Европа, малку кон Блискиот и Далечниот Исток, а во последно време, сè повеќе, невротично е насочен на сите страни. Тешко е да се одлучи кои странци се поопасни, кои ги има повеќе, кои би можеле да го искористат моментот кога вниманието е свртено кон некоја акутна бегалска криза, да се провлечат под радарот.

Сите мои години во Лондон, и многу години претходно, мигрантите упорно доаѓаат, со тоа што овде упорно и остануваат, а оние кои после некоја година се враќаат дома ги нема во јавниот дискурс. Да не ги спомнувам сите оние непрегледни кои биле тука пред мене, а да се занемарам и самата себе, која веќе тринаесет години ја контаминирам средината во која се натрапив со мирис на говедско и претпазливост кон кралското семејство, а тоа не се просечни вредности на нашиот начин на живот. И покрај тоа, сите и понатаму живееме нормално. Штитејќи нешто неодржливо. Нешто што ќе се сруши. И како во врска со злоставувач, нешто што веќе нè унесреќува.

Балаш Мохаи

За среќа се потребни ствари

Да појаснам, нашиот начин на живот не подразбира да се состануваме во просториите на месната заедница, да пееме автохтони песни и да јадеме традиционални колачи славејќи го нашиот идентитет.

Тој подразбира да го земаме она што ни треба од земјите богати со ресурси, а кои ни требаат за да го спроведеме на дело нашиот начин на живот. Како тие земји, толку богати со сè што ни треба спаѓаат во третиот свет, е прашање за Квиско.

Одредени ситуации понекогаш галванизираат дел од нас да се собереме и во милиони да маршираме против некоја илегална инвазија, но кога нè игнорират, одиме дома, зашто нашиот начин на живот е брз и исцрпувачки и не овозможува време за вклучување во протести. Причинско-последичната врска помеѓу дотичната илегална војна и создавањето на ИСИЛ е историска перспектива и нема врска со секојдневието на нашиот начин на живот.

А и нема место за такви пораки во нашата свест, трајно хипнотизирана од желбата за поседување повеќе ствари. Одамна разоткриениот маневар и понатаму нè држи во раце. Стварите се клучен елемент на среќата во нашиот начин на живот. За да имаме ствари, тие мора да бидат евтини, а за да бидат евтини мора да постои мрежа од sweatshop-ови во Европа и надвор од неа, која ја поддржува мизерната егзистенција на многуте очајници кои инаку би поминале уште полошо, бидејќи потекнуаваат од земји кои никако да остварат стабилна автономност. Иако постојано им помагаме во тоа.

Марко Дробњаковиќ

А таму постојано има нови војни, пучеви, егзодуси, постојано луди диктатори доаѓаат, заминуваат, а ние сме секогаш тука. Подриваме, рушиме, бомбардираме, спроведуваме санкции, дестабилизираме, па стабилизираме, па до кога веќе ќе им помагаме кога очигледно ништо нема да им помогне и никогаш не им е доста. Не им е доста што им помагаме кај нив, па сега сакаат уште да им помагаме и кај нас!

Лесно е да се донира облека

Па не сме ние на Земјава исклучиво за да им помагаме на другите. Јасно е, секако, дека ниедна од нашите земји сама по себе, како што функционира сега, не може да прими безброј бегалци. И јасно е дека секоја земја има свој сопствен број несреќни, невработени, оние кои не гледаат зошто на некои странци би требало да им се даде шанса за подобар живот, кога ние самите не ја гледаме. Зашто, мислиме дека бегалците, а не системот, се виновни што квалитетот на нашиот живот опаѓа и што несфатливо се тркаламе кон сиромаштија додека околу нас има сè повеќе богатство.

Секако, општата емпатија, па и мојата сопствена, е јалова и неконструктивна. Но полесно е да се донира стара облека отколку да се насочи животот кон агитирање за промена на надворешната политика на сите западни сили.

А полесно е и да се беснее против конкретен непријател отколку да се усвои идејата дека дистописката слика на иднината е на прагот. Нашиот начин на живот и мигрантите - тоа се две страни на иста паричка која постојано се врти. А се врти, само да не го заборавиме тоа, на лизгавиот терен на климатските промени кои наскоро ќе предизвикаат нов бран миграции.

Не знам каде ќе одат Хрватите. Мажот ми и јас планираме да одиме на шкотските висорамнини.

Извор: Telegram

Слични содржини

Европа / Свет
Европа / Свет

ОкоБоли главаВицФото