Ародов идентитет: Портрети на луѓе кои не се идентификуваат ниту како мажи ниту како жени

07.10.2015 14:12
Ародов идентитет: Портрети на луѓе кои не се идентификуваат ниту како мажи ниту како жени

Aродов идентитет е термин кој се користи за да се опишат луѓе кои не се идентификуваат ниту како мажи ниту жени и ним обично им се обраќаат со „тие“, наместо со „тој “или „таа“.

Фотографката Клои Афтел ги фотографира овие ародни лица во рамките на проектот на списанието Сан Франциско. Инспирирана од приказната за Саша Флајшмен, средношколецот од гимназијата Maubeck, Ајфел се фокусира на животите, размислувањата и чувствата на луѓето кои ги фотографира.

На 4 ноември, 2013 година, Саша Флајшмен бил нападнат и запален додека спиел во јавен автобус. Како последица од тој настан Саша има изгореници на нозете од втор и трет степен. Приказната на Флајшмен беше сместена на насловната страница на списанието Сан Франциско и тој стана вистински херој за ародовата и квир заедница.


Сара е една од најблиските пријатели на Саша, фотографирана во својата соба во куќата на родителите. Тие се средношколци и живеат со родителите.

Еди, фотографирани во домот на родителите на нивниот дечко, во Беркли.

Ема, фотографирани во нивниот стан во Сан Франциско. Тие планираат да го променат своето име по завршувањето на средното училиште.

Мерилн живеат дома со своите родители. Растејќи, Mерилн сфатиле дека не се чувствуваат ниту како маж ниту како жена. Дефинираниот род не се вклопува во нивниот идентитет како возрасна личност.

Марк се фотографирани во својот стан во Сан Франциско. Тие практикуваат да носат облека и за мажи и за жени.

Маика се идентификуваат како неутрални или како идентитет со отсуство на родот.

Рејн професионално се занимаваат со манекенство, најчесто претставувајќи се како маж. Фотографијата е направена во нивниот стан во Беркли.

Рејн со нивната девојка.

Извор: www.culturainquieta.com

ОкоБоли главаВицФото