Вознемирувачката уметност на Џоел Питер Виткин

07.10.2015 16:06
Вознемирувачките дела на Џоел Питер Виткин

Џоел Питер Виткин е американски фотограф кој живее во Албакерки, Њу Мексико. Негов предмет на интерес најчесто се мрачните теми и необични ликови смстени во чудни сценарија. Мрачниот светоглед на Виткин е изразен преку внимателно конструираните фотографии кои алудираат на делата на Хенри Пич Робинсон и Оскар Густав Рејлендер, кој ја создал елаборативната приказна за моралот насловена The Two Ways of Life (1857).

Уметничките дела на Виткин се густо набиени со литературни, уметнички историски и религиозни референци кои претставуваат морални предизвици за гледачот. Неговите слики се населени со отпадници од општеството, вклучувајќи и џуџиња, хермафродити, луѓе со несекојдневни физичките способности или деформитети, осакатени тела и ампутирани делови од телата на мртвите, добиени од медицинските училишта, луди азиланти и мртовечници. Резултатот кој се добива од сето тоа се фотографии кои истовремено се застрашувачки убави и гротескни.

Извор: www.culturainquieta.com

Слични содржини

Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Уметност
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото