Телефон

09.10.2015 02:21
Телефон

Партизани

Партизаните живеат в шума,
палат огнови,
греат раце и пеат.
На капите носат
црвени ѕвезди.

Високи се како смреки,
преку сите врвови
ги гледаат морето
и слободата.

Телефон

Телефонски тритрантрон
Роса ја вика од сон:
„Овде една лет‒мара,
зрачок сонце некој барал.
На моиве крилца росни
во секоја точка ги носам.“

Телефонскиот тритрантрон
Роса ја мами од сон:
„Овде една ластовица;
ние седиме на една жица;
на крилцата носиме пролет;
дојди, дотрчај в поле!“

Телефонскиот тритрантрон
на Роса ѝ го разгонува сонот:
„Здодевната јас сум мува,
зар си денес малку глува?
Појадокот веќе се спрема,
не станеш ли, ќе го земам!“

Дури овој тритрантрон
го растера слаткиот сон.
Се навреди лет‒мара,
назад зраците си ги бара.
Но ластовицата тогаш добра
здодевната мува ја собра!

Франце Космач (1922‒1974), словенечки писател и режисер. За време Втората светска војна бил апсен од Германците, но успеал да им се придружи на партизаните. Автор е на неколку поетски збирки, пишувал и песни за деца, студии за Чарли Чаплин и Микеланџело Антониони, а снимил пет играни и четириесетина документарни филмови.

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.
Слики: Владимир Винокур

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото