Горан Гоциќ: Фотографии од Скопје и Лазарополе

13.10.2015 13:06
Горан Гоциќ: Фотографии од Скопје и Лазарополе

Горан Гоциќ (1962, Ужице) е српски писател, слободен новинар и филмски критичар. Дипломирал англистика на Филолошкиот факултет во Белград, а магистрирал медиуми и комуникација на Лондонската школа за економија и политички науки.

Добитник е на повеќе награди за неговите есеи. Ги објавил студиите: „Енди Ворхол и поп стратегиите“ (1997/2012) и „Емир Кустурица: Култот на маргините“ (2001/2006).

Автор е на долгометражните документарни филмови „Bloody Foreigners“ (2000) и „Балкански дневник: Бугарија“ (2010). Кон крајот на 2013 за својот дебитантски роман „Таи“ ја добива престижната НИН-ова награда, како и наградата „Милош Црњански“.

Кон крајот на септември (26-28.09.15), Горан Гоциќ гостуваше во Македонија на Креативниот викенд во Лазарополе, заедно со Никола Гелевски и домаќинот и организатор, Јован Ламбески. Минувајќи низ Лазарополе и Скопје, Гоциќ направи серија од дваесетина фотографии. Подолу можете да погледнете како изгледаат Скопје и Лазарополе низ призма на објективот на Гоциќ

 (Последната фотографија, на која се Горан Гоциќ и Јован Ламбески, е на Никола Гелевски.)

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија / Екологија
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја

ОкоБоли главаВицФото