1012 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пет, 04.10.2024 13:59
Саботниот протест против озлогласениот ТТИП во Берлин беше најголем настан во Европа, не само во сабота, туку веројатно и целава година, а со самото тоа требаше да биде и најголема европска вест денес. Требаше да биде следен „од минута во минута“, камерите преку националните телевизии требаше да ги пренесуваат во живо сликите од Берлин, да видат сите што мисли народот на Европа за контроверзниот договор за слободна трговија помеѓу САД и Европа, според кој, ако дојде до негово потпишување, демократијата каква што ја знаеме денес, иако не е идеална, ќе престане да постои, а главен збор ќе имаат гигантските транснационални корпорации.
Тогаш, зошто саботниот собир во Берлин, на кој се собраа повеќе стотици илјади луѓе, денес не е ударна вест во сите медиуми? Зошто за саботниот собир денес не се пишува како за нешто за кое ќе се зборува со години? Очигледно сите оние кои имаат логистика и капацитет да го покријат собирот така како што треба да биде покриен всушност сакаат за него да се знае што помалку. Го поддржуваат ли истите ТТИП? Не нужно, веројатно се крајно индиферентни, но оние кои ги финансираат медиумските операции и тоа како го поддржуваат ТТИП и тоа е крај на приказната. Затоа, да не се занимаваме повеќе со медиумскиот молк, туку со величенствениот настан кој на 10 октомври се случи на улиците на Берлин.
Но, пред да почнеме, знаете ли воопшто што е ТТИП? Повеќето до сега веројатно слушнале малку или малку повеќе за овој проект. Да ја спомнеме пред сè неговата најконтроверзна страна - таен е, односно требаше да биде таен. За ТТИП (кратенка од Трансатлантско Трговско и Инвестициско Партнерство) знаеме благодарание на организацијата Викилкс која објави дека за овој проект веќе подолго време се преговара на релација Вашингтон-Брисел.
Што всушност би се случило кога европските лидери би го потпишале ТТИП? Тие тврдат дека тоа би ја зголемило економската добивка (веројатно да, но за кого?), но во стварноста системот во кој живееме прилично би се променил. Денес легитимните државни власти (иако често корумпирани, особено во овој дел од Европа) сепак сè уште се над барањата и интересите на корпорациите. Но, со потпишување на ТТИП, корпорациите би станале помоќни, би биле „над демократијата“, повеќе не би можеле да бидат санкционирани, дури и тие би можеле да ги санкционираат и казнуваат државите (!). Зборуваме за брутална либерализација на пазарот и целосно укинување на најголемата вредност која сè уште ја имаме во Европа - социјалната држава.
Подоцна во текстот ќе се осврнеме на поединечните причини зошто ТТИП е толку опасен за Европа, да се вратиме сега во Берлин.
Стотици илјади на улиците на Берлин
Големиот собир во главниот град на Германија го организираа активисти од низа политички групи - од работнички синдикати, организации за заштита на околината, хуманитарни организации, до опозициски политички партии.
Собирот започна кај главната железничка станица и од таму граѓаните маршираа кон зградата на парламентот. Според зборовите на организаторот, се собрале повеќе од 250.000 луѓе. Полицијата, пак, дава (очекувано) поконзервативни бројки и наведува дека на собирот имало околу 150.000 луѓе. Ако помеѓу овие две тврдења ја земеме „златната средина“ во Берлин веројатно се собрале околу 200.000 демонстранти, што е исклучитеен број доколу се земе предвид дека до неодамна никој не ни знаеше што е всушност ТТИП.
Демонстрантите гласно маршираа кон зградата на парламентот носејќи бројни транспаренти како „Да, можеме да го спречиме ТТИП“. Една група дури влечеше со себе и голем дрвен коњ, споредувајќи го на тој начин ТТИП со Тројанскиот коњ.
„Ова е најголем протест во Германија по долго, долго време“, рече Кристоф Бауц, еден од организаторите.
Собирот го обезбедуваа околу 1.000 припадници на силите за безбедност, но не се забележани инциденти.
Вчерашниот собир во Германија покажува дека граѓаните на Европа се спремни и на улица да бараат отфрлање на ТТИП, а не само преку петицијата на интернет која до сега веќе ја потпишаа милиони луѓе.
Ваквите собири можеби сами по себе нема да го спречат потпишувањето на ТТИП, но ќе доведат до тоа сè поголем број граѓани на Европа да слушнат за ТТИП и да дознаат за што всушност станува збор. Очекувано, медиумската блокада е тврда, но не е непробојна - без оглед колку се настојува вчерашниот собир во Берлин и сличните анти-ТТИП акции да се скријат од очите на јавноста, информациите сепак доаѓаат до луѓето, а каналите се бројни.
Што би значел ТТИП за животот на граѓаните на Европа?
Да се осврнеме сега малку на есенцијата на ТТИП. Зошто е всушност толку лош?
ТТИП ги бара европските јавни служби
Со договорот би се тргнало во напад на јавните служби. ТТИП би го „отворил“ европскиот здравствен систем, образованието, па дури и снабдувањето со вода за приватните компании - поточно, американските приватни компании. Со други зборови, работите кои денес сè уште ги земаме „здраво за готово“, во блиска иднина би можеле да бидат под целосна и цврста контрола на американската корпоративна капиталистичка класа.
Во самите преговори народите на Европа се лажат. Така, Европската Комисија прво тврдеше дека јавните служби нема да бидат врзани со ТТИП, за подоцна британскиот министер за економија, Лорд Ливингстон, да признае дека јавните служби сепак се „на маса“. Јасно е дека се на маса, па тука се и парите, тоа е и главната цел на ТТИП, да се преземат остатоците од европската социјална држава и да се направи од неа профитабилен бизнис. За просечниот жител, граѓанин, ова би било катастрофа од невидени размери.
ТТИП сака да ја укине европската заштита по прашањето на безбедноста на храната и околината
Со договорот Европа би се префрлила на „американскиот модел“ кога станува збор за храната. Во САД денес околу 70% од сета храна која можете да ја купите во продавниците е генетски модифицирана. Од друга страна, Европа има многу строги правила и речиси ншто од ГМО не се пушта во продажба.
Од хормоните за раст до забранетите пестициди, Европа и по ова прашање по сè изгледа ќе се „отвори“. Истото важи и за околината - ЕУ во моментов има на сила т.н. REACH регулација која строго ги контролира токсичните супстанци во околината. Во Европа, поради оваа регулација, компаниите мораат прво да докажат дека нивните супстанци се безбедни, пред да можат да ги користат. Во САД ситуацијата е сосема обратна: секоја супстанца може да се користи додека не се докаже дека е опасна (!). Колку за пример, ЕУ во моментов има забрана за користење на 1.200 супстанци во козметиката, а САД само 12.
Банкарските регулации
Сите рестрикции кои ЕУ ги воведе врз банките за да не се случи уште една голема финансиска хаварија како онаа од 2008 би можеле да бидат тргнати со стапување на ТТИП на сила. Со други зборови, ТТИП ќе ја врати целта моќ назад во рацете на банкарите.
Крај на приватноста
Европејците масовно се пбунија против договорот АКТА кој им ја ограничуваше приватноста на корисниците на интернет. Европскиот парламент со мнозинство во 2012 ја отфрли АКТА по бројните демонстрации ширум континентот. Но ТТИП веројатно би ги вратил сите темелни одредби на АКТА.
Масовно губење на работни места
Од ЕУ дури признаа дека ТТИП „веројатно“ би ја зголемил стапката на невработеност, зашто преминувањето на „американски систем“ воедно би значело и значително ослабување на синдикатите како и работничките права.
Примерите на претходните договори за слободна трговија го потврдуваат овој страв. Кога е потпишана НАФТА (договор помеѓу САД, Канада и Мексико), изгубени се околу 1 милион работни места за 12 години, а пред потпишувањето беше ветувано отворање на стотици илјади работни места.
Напад на демократијата
Најголем проблем на ТТИП веројатно е огромниот напад на демократијата и државната власт. Имено, со потпишувањето на ТТИП би се вовел процес под име ISDS (Решавање на Спорови помеѓу Инвеститорот и Државата или на англиски „Investor-State Dispute Settlements“). За што станува збор: корпорациите би добиле можност за покренување тужби против државите доколку политиките на државните власти предизвикуваат „губење на профитот“. Со други зборови, неизбраните меѓународни корпорции би можеле да им ја диктираат политиакта на демократски избраните власти (!).
Слични договори на билатерално ниво веќе имаме насекаде во светот и доведуваат до огромни неправди. На пример, по катастрофата со нуклеарната електрана Фукушима во Јапонија, Германија одлучи да ја намали зависноста од нуклеарна енергија, што пак резултираше со тужба на шведската енергетска компанија Vattenfall која ја тужеше германската влада за милијарди долари штета. Што значи тоа? Државната власт донесе позитивна одлука, во интерес на народот, а странската корпорација ја тужи таа држава поради таа одлука, па на крај трошокот паѓа на грбот на даночните обврзници на државата. Ништо не може да биде повеќе антидемократско од ова.
Ова се само некои од причините зошто народите во Европа би требало и тоа како да се плашат од ТТИП. Секој разумен граѓанин на Европа ќе гласа против потпишувањето на ТТИП со САД. Но, постои „квака“ - никој нема ни да ги праша. Да, токму така, за прифаќањето на ТТИП нема да се организира никаков референдум, ништо. Дури ни деталите од преговорите не се јавни (!).
Ова е веќе самрак на демократијата, а наскоро ќе се претвори во тотален мрак доколку не се преземе нешто. Но, што можат народите во Европа да направат ако никој не им дава можност да гласаат за имплементацијата на ТТИП? Многу нешта - за почеток мораат да се организираат, да ги шират информациите за ТТИП и опасноста која произлегува од прифаќањето на истиот. Мораат да ги разобличат циничните и манипулативни пропаганди кои долго време тврдат дека би било „добро“ корпорациите да ја водат нашата судбина, дека ГМО „не е толку опасно“, дека пазарот е „светост“ и дека „банкарите знаат најдобро“.
Уште има време за борба, но не премногу. Ова што остана од европската демократија треба да се брани денес и да не се дозволи еден ден да се разбудиме во „американскиот сон“ увезен од страна на антинародните, па на крајот на краиштата, и антиевропските актуелни државни власти кои со самото преговарање во тајност за усвојување на ТТИП веќе учествуваат во чин на велепредавство.
Користени извори:
Hundreds of thousands protest in Berlin against EU-U.S. trade deal
http://www.reuters.com/article/2015/10/10/us-trade-germany-ttip-protests-idUSKCN0S40L720151010
Angela Merkel surprised by massive protest march against TTIP in Berlin
http://www.businessinsider.com/r-hundreds-of-thousands-protest-in-berlin-against-eu-us-trade-deal-2015-10
#StopTTIP: Hundreds of thousands protest trade deal with US in Berlin
https://www.rt.com/news/318199-berlin-ttip-protest-rally/
What is TTIP? And six reasons why the answer should scare you
http://www.independent.co.uk/voices/comment/what-is-ttip-and-six-reasons-why-the-answer-should-scare-you-9779688.html
Globalization is barbarous, multinationals rule world – Marine Le Pen
http://rt.com/news/212435-france-pen-globalization-barbarity/
TTIP divides a continent as EU negotiators cross the Atlantic
http://www.theguardian.com/business/2014/dec/08/transatlantic-trade-partnership-ttip-dividing-europe-cecilia-malmstroem-washington-debut
TTIP: How the world's largest trade deal affects you
http://www.newscientist.com/article/mg22429932.600-ttip-how-the-worlds-largest-trade-deal-affects-you.html
The TTIP deal hands British sovereignty to multinationals
http://www.theguardian.com/commentisfree/2014/sep/14/ttip-deal-british-sovereignty-cameron-ukip-treaty
TTIP Q&A: What is it - and should we be worried?
http://www.independent.co.uk/news/business/analysis-and-features/ttip-qa-what-is-it--and-should-we-be-worried-9786225.html
ASSESSING REGULATORY IMPACT OF TRANSATLANTIC TRADE AND INVESTMENT PARTNERSHIP (TTIP) – ANALYSIS
http://www.eurasiareview.com/22092014-assessing-regulatory-impact-transatlantic-trade-investment-partnership-ttip-analysis/
TTIP – A Transatlantic Agreement in a New Phase of Globalization
http://www.atlanticcouncil.org/blogs/ttipaction/marie-kasperek
TTIP: the biggest threat to democracy you've never heard of
http://www.newstatesman.com/politics/2014/09/ttip-biggest-threat-democracy-youve-never-heard
'Free Trade' and the death of democracy
http://www.aljazeera.com/indepth/opinion/2013/12/trade-death-democracy-2013121812233660574.html
U.S. law imposes itself on European territory
http://www.voltairenet.org/article184692.html
Извор: advance.hr