Проекција на „Не оставај ме“ во рамки на Докувизија

14.10.2015 10:20
Проекција на „Не оставај ме“ во рамки на Докувизија

На 14 октомври (среда) во Џебното кино-МКЦ, во 20 часот, закажана е уште една кино-средба во рамките на проектот „Докувизија“. Овој пат домаќин на проекцијата е Интернационалниот фестивал за краток и документарен филм „Докуфест“ од Призрен. Филмската приказна за двајцата пријатели, алкохолот и шумата ќе биде паралелно прикажана во Подгорица, Загреб, Белград, Мост на Сочи и во Скопје.

По проекцијата, останете на муабет со гостите во Призрен и публиката од останатите градови.

За филмот:

„Не оставај ме“ (Ne Me Quitte Pas/ Don’t leave me)
(Холандија, Белгија 2013/107’)

Сценарио: Sabine Lubbe Bakker, Niels van Koevorden 
Режисер: Sabine Lubbe Bakker, Niels van Koevorden
Снимател: Niels van Koevorden 
Монтажа: Sabine Lubbe Bakker, Niels van Koevorden 
Тон: Sabine Lubbe Bakker Продукција/Production: Pieter van Huystee Film 
Копродукција: Storyhouse, Studio Godot, NCRV

Синопсис:

Во едно село на крајот од Белгија, Боб и Марсел ги споделуваат осаменоста, смислата за хумор и жедта за алкохол. Боб е пензиониран каубој, заљубен во својата слобода и во шумата, а Марсел минува низ семејна драма. Се имаат договорено дека ако нештата тргнат на лошо, ќе се самоубијат и тоа, под Дрвото на животот на Боб. Времето им минува бавно, главно во друштво со чашката. И тогаш, се случуваат Валонскиот карневал, сообраќајната несреќа и неуспешната потрага по синот на Боб. Но овие двајца не се сожалуваат и заедно пребродуваат сè. Еден ден Марсел ќе реши да престане да пие, но Боб одбива да му се придружи. И така тече приказната за смртноста во место каде што се чини дека времето застанало.

Билетот чини 50 денари.