Removed

14.10.15 12:07

Американскиот фотограф Ерик Пикерсгил во серијата фотографии „Removed“ ги отстрани паметните телефони и дигиталните уреди од портретите кои го отсликуваат секојдневниот живот на моделите што позираат. Во овој проект, тој има цел да ја прикаже неверојатната човечка зависност од технологијата и хиперконективноста која доведува до отуѓување.

„Членовите на семејството што седи до мене во Illium café во Њујорк се тотално исклучени едни од други. Нема многу зборување. Таткото и двете ќерки ги извадиле своите телефони. Мајката или нема свој или избрала да го тргне настрана. Зјапа низ прозорецот, тажна и сама во друштво на најблиското семејство. Таткото ја крева главата само за да сподели некоја опскурна информација што на нашол на интернет“, ја опишува Пикерсгил сцената што го инспирирала да ја направи серијата фотографии „Removed“.

Извор: ericpickersgill.com

Слични содржини

Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото