1019 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 09:59

Наумчески првенствено е архитект. Затоа е логично што и во фотографиите е опседнат со архитектурата; како што вели, најголемо задоволство му претставува да ги пренесува приказните на градските форми, нивните детали и бои.
„Начинот на гледање на просторот и неговото техничко претставување во архитектонскиот цртеж има големо влијание и на моето гледање на фотографијата, забележувањето на композицијата, линиите во кадарот, перспективата, формите и волумените. Независно дали фотографирам со апарат или мобилен телефон мојот пристап кон фотографијата е ист, подеднакво внимание им посветувам и на фотографиите од мобилен телефон. Кога отворив профил на Инстаграм си дадов себеси задача и предизвик сè што ќе објавам да биде фотографирано и обработено на мобилен телефон со апликациите кои се на располагање за обработка. Особено внимание посветувам на композицијата, на едноставноста и чистината на кадарот.“, го објаснува Наумчески својот пристап кон фотографирањето.