Медицинската марихуана легализирана во Хрватска

16.10.2015 02:00
Медицинската марихуана легализирана во Хрватска

Од вчера, осум денови по објавата на новите прописи во Службениот весник на Хрватска, станува легално купувањето канабис во медицински цели, јавуваат хрватските медиуми.

За легализацијата да биде можна, хрватската влада мораше да го промени Правилникот за категоризација на лековите и прописите за издавање лекови на рецепт. Медицинска марихуана на рецепт можат да добијат болните од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

Лековите кои содржат тетрахидроканабинол (ТХЦ), дронабинол или набилон ги издаваат лекари по семејна медицина, лекари за здравствена заштита на предучилишни деца или жени, по препорака на специјалисти по неврологија, интернистичка онкологија, онкологија и радиотерапија, инфектологија или невро-педијатри, стои во новиот Правилник.

Хрватските лекари од денес можат да препишат количество ТХЦ за поединечна доза, број на поединечните дози, дозирање и начин на употреба. Лечењето може да трае најмногу 30 дена, а количеството марихуана не може да биде поголемо од 7.5 грама. Хрватска е прва земја од регионот која ја легализира употребата на марихуана за медицински цели.

Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото