Пијан вегетаријанец ѝ признал на шницлата дека ја сака

16.10.2015 17:06
Пијан вегетаријанец ѝ признал на шницлата дека ја сака

Скопје, 16 октомври 2015

Гоце Димитров, докажан вегетаријанец од Скопје, предизивикал инцидент во еден ресторан во Старата скопска чаршија, откако видно пијан ѝ пришол на една шницла и ѝ изјавил љубов. Пријателите кои биле со него велат дека се повеќе од изненадени од неговата постапка, бидејќи никој не претпоставувал дека Димитров сè уште има толку длабоки чувства кон овој специјалитет од скарата.

„Гоце дојде во ресторанот прилично поднапиен, а тука испи уште неколу пива“, вели Ратко Тодоровски, сведок на настанот. „Главно молчеше и некако чудно се вртеше околу себе, како нешто да го мачи. Кога келнерот помина покрај нас и донесе чинија со мешана скара на соседната маса, Гоце просто експлодираше. Стана, пријде до масата и почна да ѝ зборува на шницлата. Велеше дека сè уште ја сака, дека ги памти сите заеднички моменти и ужасно страда. Призна дека му е страшно тешко кога ќе ја види со друг и дека е свесен колку згрешил кога решил да ја остави. Другите гости беа шокирани, а поголем инцидент спречи персоналот од ресторанот кој го изнесе надвор. Подоцна дознавме дека тој, додека јадел нормална храна, често излегувал токму на ова место и редовно нарачувал шницла“, раскажува Ратко.

Во краткиот разговор кој го водевме со него, Гоце ни призна дека не се сеќава најдобро на претходната вечер, но ја отфрла можноста инцидентот да се случил на опишаниот начин. Нè потсети дека тој ја оставил својата шницла, а не таа него, и не гледа зошто после толку време би страдал по неа.

Извор: www.njuz.net