Зрнца за храната (3): Кафе, чоколада и путер

17.10.2015 09:26
Зрнца за храната (3): Кафе, чоколада и путер

КАФЕ

Кафето, според легендата, кон средината на деветтиот век го открил млад абисиниски пастир по име Халид (или Калди), чиишто кози нервозно се разбегале откако се најале од црвените бобици од една грмушка.

 

Кога кафето стигнало во Европа го нарекувале арапско вино.

 

Иако кафето потекнува од Стариот свет, Египјаните, Грците и Римјаните не ја познавале билката.

 

Арапите никогаш во кафето не ставале млеко оти сметале дека кафето со млеко може да предизвика лепра. Наместо млеко и шеќер попрво ставале хашиш и опиум.

 

Кафето е толку вкусно што би било штета само неверниците да уживаат во него.

Папата Клемент VIII

Лувак е мал пегав торбар кој живее на Јава и се храни со кафе, и тоа само со најзрелите, најдобри бобици. Тој го јаде и зрното и сè околу зрното, но зрното кафе на другиот крај излегува неоштетено и сосема малку ферментирано. По животното одат работници и ги собираат свежите гомненца, од кои потоа ги издвојуваат зрнцата од кои, кога ќе се исушат, се добива Kopi Luwak, најскапото и наводно најдоброто кафе на светот.

 

Освен цикорија, леблебија, глуварче, суви смокви, желади, рж и јачмен, како замена за кафе можат да послужат и пржени семки од баобаб.

 

Во секој плод на кафе има по две зрна.

 

Во Етиопија е откриен див вид кафе, природно без кофеин.

 

Во една вреќа кафе собира околу 600.000 зрна.

 

Во производството на кафе во Бразил вработени се околу пет милиони луѓе.

 

Цената на еспресото во Италија ја одредува владата.

ЧОКОЛАДА

Кога инфантата Маргарита Тереза се мажела за Леополд I Хабзбуршки, во чејсот донела еден тон и седумсто килограми чоколада.

 

Поради сè поголемата популарност на чоколадата меѓу свештениците, кон крајот на 16 век се наметнало прашањето дали врелата чоколада го прекинува евхаристискиот пост или не.

Шпанскиот лекар Хуан де Карденас уште 1591 сметал дека го прекинува. Калдера де Хередиа, мудрец од Севиља, со него се согласил, но 1645 теологот Томас Хуртадо се спротиставил, повикувајќи се на мислењето на св. Тома Аквински дека пијалаците не го прекинуваат постот.

На крајот во 1664 неаполскиот кардинал Франческо Мариа Бранкачо во трактат од 70 страници пресудил дека чоколадата може да се смета за пијалак баш како пивото или виното и дека со нејзиното уживање не се прекинува постот, под услов, се разбира, да се консумира умерено.

 

Во 17 век се сметало дека чоколадата е добра за флегматиците.

Во истиот вел чоколадата прв пат била додадена во кафе.

 

Топлиот чоколаден пијалак Chocolat на дворот на Луј XIV бил ароматизиран со јасмин.

 

Од ацтечките времиња до денес единствениот постојан додаток во чоколадата е ‒ ванилата.

 

Во ацтечкото царство доматот чинел едно зрно какао, авокадото три, а тиквата четири зрна.

 

Маркиз де Сад во затвор барал чоколада „црна како Вражји газ“.

На произведувачите на чоколада дури после Првата светска војна им текнало дека својот производ би можело да им го продаваат на децата.

 

Чоколадата е одличен лек против кашлање.

 

Во очекување на „жешка вечер“ избегнувајте ја зелената салата, најсилниот природен анафродизијак. Попрво фрлете се кон тартуфите и чоколадата.

 

Мажите најчесто сакаат да јадат солена и масна храна.
Жените најчесто сакаат да јадат чоколада.

 

Четириесет проценти од светскиот род на бадеми се троши за производство на чоколада.

 

За чоколадата воопшто да смее да се нарекува чоколада, според европските закони мора да содржи барем 32% цврсти делови какао. Според истите закони, белата чоколада не може да се смета за чоколада бидејќи од какао деловите содржи само путер.

 

Денот 13 септември е Меѓународен ден на чоколадата.

 

Што е здравје? Тоа е чоколадата.

Оние кои редовно пијат чоколада се истакнуваат по доброто здравје и по отпорноста на сите видови помали болести кои го вознемируваат спокојството на животот.

Жан Антелм Брио‒Саварин

 

Стварите мораат да бидат јасни, а чоколадата мора да биде густа.

Шпанска пословица

 

Видете, на светот нема таква метафизика како што е чоколадата.

Фернандо Песоа

ПУТЕР

Најголемата тајна на француската кујна е дека ниедно јадење не е совршено додека не сте му додале уште 50 грама путер.

 

Наводно комбинацијата „леб и путер“ ја изумиле Фламанците.

 

За путерот да се зачува свеж, традиционално го замотувале во листови од зелка.

 

Путер, путер, дајте ми путер, секогаш путер!

Fernand Point, таткото на модерната француска кујна

 

Колачите се прават од путер и љубов.

Норвешка поговорка

 

Сè што не можат да излечат путерот и вискито ‒ неизлечиво е.

Ирска поговорка

Слики: Jean-Étienne Liotard (1702 – 1789); насловна слика: детаљ од „Девојката со чоколада“ (1744)
Подготвил: П. В.