Зврле и останата бандо криминална, НЕМОЈ БРЕ ДА НЀ ЈЕБЕТЕ, АЛО!

17.10.2015 17:24
Зврле и останата бандо криминална, кои седите во обвинителство: НЕМОЈ БРЕ ДА НЀ ЈЕБЕТЕ, АЛО!

Режимов прими 100.000 нови буџетари, овие од бандата на Зврле решиле да кршат договор за само седум луѓе?! Договор за чие постигнување се покрена цел свет, денови и ноќи се утепаа нашиве лидери и политичари од ЕУ и САД за да се постигне договор и да се одблокира земјава која беше во тешка политичка криза!

Па имате ли памет бе, лудаци?! Сега им текнало дека нивните обвинителства не биле опремени, па затоа и ова нема да се опреми, да биде фер?! Па ова е најголемата судска драма во македонската историја, ова е разврска на векот која ќе има политичко, институционално, правно, историско, демократско, економско, безбедносно, социјално и секакво значење, а вие се цепидлачите за некое милионче и неколку обвинители и ризикувате да сјебете сè?!

Па уште и Зврле имаше храброст да ја навреди Катица дека била политичка обвинителка, а тој бил институциски обвинител?! Беееегааај таму бре, мршо една!!! Чувме на снимките како си одел на реферирање кај Гоца, видовме како со Сашо Мијалков и Амди Бајрам се курчиш во Шутка, гледаме колку криминал дозволивте да ви се случи до сега, какви само крадења, милиони, плацеви, згради и мади се украдени, а вие ништо не реагиравте, видовме како бевте инструмент на режимот, како загари само добивавте нарачка и извршувавте, фрлавте во затвор политички жртви кои стасале на црниот список на фамилијата... Немојте бре ДА НЀ ЈЕБЕТЕ, ЈЕЛ’ ЈАСНО?!

Им се восхитувам на колегите новинари кои беа на пресот и го слушаа тоа срање од Зврле. Штета што бев спречен поради семејни обврски да бидам присутен на тој прес. Бебенцето ми се разболе, па мораше да го носам по болници. Инаку Зврле навистина заслужи еден добар Саше Политико третман на прес!!!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња