Катица: Слушнав дека многу сакал да контактираме, па затоа Латас прв ќе го викнам на распит

20.10.2015 13:36
Катица: Слушнав дека многу сакал да контактираме, па затоа Латас прв ќе го викнам на распит

Скопје, 20 октомври

Специјалната обвинителка Катица Јанева одговори на јавната прозивка на главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ – Латас, кој кажа дека не е задоволен од третманот кој таа им го дава на Сител телевизија и дневниот весник Вечер.

– Да, го видов на Јутјуб и да ви кажам право, ми олесна. Цело време се мислев од кај да почнам, со кој предмет најпрво да се зафатам… и обраќањето на Латас ми ги реши дилемите. Штом толку многу сакал да контактираме, него прв ќе го викнам на распит во Специјалното обвинителство. Таму ќе подискутираме на повеќе теми, и ќе може да ми каже се што знае. Без грижи, се разбира, планирам разговор и со уредничката на „Вечер“, Ивона. Ќе повикам на разговор и уште некои од оние кои деновиве беа доста заинтересирани за моите планови – рече Катица.

(Текстот е објавен во четвртиот број на неделникот „Коза ностра“)

Слика: Александар Јосифовски