Треба да се објават „бомбите“ од кои режимот има уплав!

21.10.2015 12:23
Треба да се објават „бомбите“ од кои режимот има уплав!

Не смее да се прифати закон за необјавување на „бомбите“, кои опозицијата досега не ги испукала, макар тоа бил изговор Грувески и Ахмети да го растурат договорот од Пржино.

Прво и основно, таквиот закон е неуставен, а опозицијата не смее да си дозволи да влезе во пракса со нејзин глас да се носат неуставни закони. Од Уставот палома хартија направи власта, опозицијата не смее да биде соучесник во такво нешто. Максимумот до кој СДСМ смее да оди е самата да се обврзе дека она нема да објавува „бомби“.

Второ, можеби некој од „свиркачите“ ќе најде начин да достави необјавени „бомби“ со големи криминали до дел од малкуте критички настроени медиуми и новинари, како што нашле начин да достават до опозицијата. Јавниот интерес на тие медиуми и новинари сега им дава уставно, законско и морално право да ги објават тие криминали. Опозицијата со влегување во договор кој на медиумите би им го ускратил законското право да објавуваат необјавени „бомби“ би ја изгубила довербата кај дел од граѓаните кои се спремни да се борат против груевизмот. Закони кои кршат Устав ДПМНЕ и ДУИ нека си носат сами...

Трето: а зошто и СДСМ не би нашол начин „анонимно“, „тајно“ да ги достави необјавените материјали до критички настроените медиуми и новинари? Колку пати досега власта ги прекршила договорите кои ги постигнала?! И тоа власта го правела на брутален начин, јавно. Цела јавност да види дека власта е силна, договорите ги прогласувала за тоалетна хартија. Зошто СДСМ сега не би ги доставил „бомбите“ од кои Груверски и Ахмети немаат мирен сон? Да чуе јавноста за сè што правеле!

„Бомбите“ го изместија режимот, го седнаа на преговарачка маса. Опозицијата не смее да го испушти од раце своето оружје додека режимот не биде целосно поразен. И нека го растури власта договорот од Пржино ако сака, тогаш барем ке имаме чиста ситуација, нема веќе преговори со режимот, ќе имаме само улица. А можеби после толку злодела врвот на власта го следи некоја карма, па си одбираат да паднат од улица, а не на избори. Милам дека барем толку мораме да им учиниме!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња