Г.Г. Стефан нареди повторна регистрација на сите џипови што не се купени со благослов од МПЦ

21.10.2015 13:03
Г.Г. Стефан нареди повторна регистрација на сите џипови што не се купени со благослов од МПЦ

Скопје, 21 октомври 2015

По барањето на архиепископот г.г. Стефан за препогребување, превенчавање и прекрстрување на сите Македонци од Австралија кои не се дел од црквите под јурисдикција на владиката Петар, архиепископот г.г. Стефан реши да воведе ред и во возниот парк на свештениците и верниците.

Имено, со последната одлука потпишана од поглаварот на МПЦ, сите џипови на поповите купени без благослов од МПЦ ќе мораат повторно да се регистрираат и да одат на технички преглед во станиците на Црквата.

Стефан порачува дека освен свештениците, и верниците кои имаат теренско возило што не е благословено од Македонската православна црква треба да го однесат на пеење и осветување.

„Време е да се воведе ред во возниот парк на нашата црква. Недозволиво е ова што се случува без благослов на МПЦ. Проблемот не е само со набавката и регистрацијата на возилата. Не може верниците да менуваат свеќички, ребраст кајш, гуртни, жмигавци и надворешни гуми без благослов на МПЦ“, ја објаснува архиепископот оправданоста на својата одлука.

Тој додаде дека деновиве ќе биде објавена листа на автоделови кои сопствениците на џипови ќе можат да ги набават на своја рака, како и листа на оние делови за кои е задолжителен благослов од Црквата.

Неофицијално, на „позитивната листа“ на МПЦ ќе се најдат акумулаторите, навлаките за седишта, освежувачите за воздух и ретровизорите, додека сите други делови верниците и свештениците ќе мораат да ги набавуваат со благослов на Македонската православна црква.

Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото