Викторијански вибратори од 1800-тите

21.10.2015 16:15
Викторијански вибратори од 1800-тите

Вибраторите на компанијата Shelton се користеле во префинетите домови во Америка. Овие вибратори стекнале голема популарност како додатоци во тоалетот, како и со третманот на многу болести.

1891 година: Насловна страна на списанието CHLiedbeck. Опис на вибратор и упатствата за употреба.


1906 година: Оглас за вибратор од компанијата Barker, на Џејмс Баркер, во Филаделфија.

Не било невообичаено за викторијанските лекари да имаат работа со пациентки со хистерија. Симптомите вклучуваат вознемиреност, раздразливост, и надуен стомак.

Причината за оваа состојба, која веќе не е препознавана од страна на медицински професионалци, се припишува на матката на жената. Пропишаниот третман бил „карлична масажа“ која требало да предизвика „хистеричен пароксизам“ – во основа, оргазам, кој наводно ќе ѝ го подобри здравјето на жената.

Третманот со масажи на карлицата бил рутински дел од работата на повеќето викторијански лекари, како што бил и векови пред тоа. Но, како што сведочат податоците од современите медицински списанија, тоа е мачна, здодевна и физички напорна работа.

Д-р Мортимер Гранвил го измислил вибраторот во 1800-тите. Во истиот период неговиот електромеханички изум е патентиран. Првично користен само како медицински инструмент, неговиот огромен генератор служел како вибратор за трајно вградување во операциите на лекарите.

Апаратот станал многу популарен меѓу жените во викторијанскиот и едвардијанскиот период, кои барале да поседуваат лични уреди кои ќе им бидат транспортирани од операционата сала во сопствената соба. Така, овој електричен апарат, заедно со придобивките кои ги носи, ги напушта болниците и се сели во светот на убавината и задоволството.


1891 година: Демонстрација на користење вибратор.


1891 година: Третманот Polar Cub навистина ги отстранува брчките и вдлабнатините на лицето. Оваа електрична масажа е вистинскиот третман за вашиот скалп. Масажата Polar Cub се препорачува за нервни нарушувања. Таа носи инстантно олеснување во случај на главоболка, замор, и секакви нарушувања поврзани со нервите.


1900 година: Третата фаза на општа фарадизација. Медицинска сестра ја снабдува пациенката со електрична енергија преку вибратор, или биполарни електроди од Apostoli. Илустрација од книгата „Електричната енергија во гинекологијата“, на Ричард Џ. Ковен.


1906 година: Илустрацијата покажува различни инструменти кои се користат во вибрационата масажа: округли или квадратни плочести садови, ротирачки садови, топки и дискови, ролери со ротирачки цилиндри и ебонит, ротирачки чекани и центрифугален вибратор.


1910 година: „Вибрацијата го зачувува здравјето. Таа претставува вежба за мускулите, одржува активна циркулација и го ревитализира нервниот систем. Вибраторите Shelton се неопходен уред во домот. Луѓето можат да си прават третмани во приватноста на сопствената соба или третманот може да се примени со помош на друг член од семејството. Лекарите го употребуваат за лечење на повеќе од 200 болести и симптоми. Меѓу тие кои често се лекуваат дома, се: глувост, главоболки, несоница, лумбаго, нервоза, невралгија, неврастенија, парализа, истегнување на мускулите, итн.



1915 година: Една од серијата на слики на задната страна на кутијата за вибраторите Veedee, ги илустрира различните намени на апаратот. Според инструкциите на кутијата, не постои речиси ништо што овој германски вибратор не може да излекува.




1927 година: Актерката Колин Мур користи електричен вибратор за масажа Star-Rite, во Холивуд.

1913 година: Реклама за електричниот рачен вибратор Sanofix. Фотографија на млада жена која користи електричен вибратор Sanofix. Сликата е преземена од летокот на кој се рекламира електричниот рачен вибратор Sanofix кој оди со четири различни додатоци за масажа на челото, лицето, вратот и градите. Користењето на овој вибратор не ја заморува раката.


Извор: mashable.com

Слични содржини

Наука / Живот / Историја
Наука / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото