1021 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 01:59
MDMA, Екстази или Моли е полусинтетичка психоактивна дрога која се смета за психоделична дрога, иако ефектите кои ги предизвикува отстапуваат од типичните психоделици, давајќи повеќе стимулативни отколку визуелни ефекти. Покрај штетата која ја прави на организмот, како и фактот дека е илегална, една американска организација работи на тоа да ја легализира во психотерапевтски цели.
„Работиме на тоа Американската агенција за храна и лекови до 2021 да одобри MDMA и на добар пат сме да се случи тоа“, вели Рик Доблин, извршен директор на организацијата Multidisciplinary Association for Psychedelic Studies (MAPS).
Во желбата да дојде до својата цел, оваа организација вложила амбициозни 21 милион долари за да спроведе клинички тестирања и обуки на психотерапевтите.
MDMA е емпатоген кој ги стимулира центрите во мозокот одговорни за чувството на љубов, поврзаност и емпатија.
„Доколку се користи под надзор на трениран и сертифициран лекар, на луѓето кои боледуваат од PTSP, на пример, може да им помогне да се соочат со своите трауматични сеќавања на безбеден начин, што претставува значаен дел од закрепнувањето. За тоа станува збор - MDMA треба да биде помошник во психотерапијата и да го олесни целиот процес“, наведува Доблин.
Во првото пробно истражување на користењето на MDMA кај лица со PTSP, 83 отсто од испитаниците по само две сесии не покажувале симптоми на пореметувањето, наведува тој.
„Луѓето ја поврзуваат оваа дрога со опасност и големи ризици. Доста често слушаме за тоа дека само една доза може да го уништи вашиот мозок и да остави големи последици. Во нашите клинички истражувања не дојдовме до такви податоци и сметам дека тие се претерани. Освен тоа, некои пациенти се плашат дека ќе развијат зависност преку оваа терапија, но тоа е невозможно со лекарски надзор. Кога некој е во состојба повторно да ги контролира своите емоции, тогаш лекувањето може да почне“, вели Доблин.
Извор: klix.ba