По осум години Њујорк го завршува проектот за засадување 1 милион дрвја

22.10.2015 18:48
По осум години Њујорк завршува проектот за засадување 1 милион дрвја

Десетгодишниот план на Њујорк за засадување милион дрвја во градот заврши две години порано. Во паркот именуван по Џојс Килмер, поетот кој ја напиша поемата „Trees“, („Дрвја“), во Њујорк вчера беше засадено милионитото дрво.

Поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг прв го најави амбициозниот план во 2007 година. Тогаш тоа звучеше како недостижна цел.

„Ниту еден град не успеал да постигне ваква цел“, изјави тогаш Дебора Мартон, извршна директорка на проектот за реставрација на Њујорк. Таа рече дека главна предност на планот е јавно-приватното партнерство меѓу нејзината организација и одделот за паркови, а користа за заедницата е огромна.

„Постоењето на овие дрвја крај улицата го подобрува вашиот живот“, додава таа. „Едноставно, дрвјата го прават тоа.“

Мартон сепак додава дека работата не е завршена. Одделот за паркови и проектот за раставрација ќе бидат зафатени околу одржувањето на зелените простори во годините што доаѓаат.

Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото