Жал ми е

23.10.2015 00:23
Жал ми е

Погледнете долу на фотографијата како заслепени вмрОВЦИ реагирале на мој текст кој е споделуван. Навистина ги сожалувам граѓаните на Македонија кои со вакви сограѓани се обидуваат да направат држава.

МОРАМ УШТЕ ЕДНАШ ДА ЈА ПОВТОРАМ ПРИКАЗНАТА ЗА МОЈАТА ЕМОТИВНА И СЕКАКВА ДРУГА ВРСКА СО ЧАРШИЈАТА.

Доаѓа внук ми (трето одделение) од школо пред некој ден и од врата ми соопштува важна вест: „Ги мразам Шиптарите“. Се придржувам за столче да не паднам во несвест, бидејќи таквата констатација не е од дома.

Училиштето му е во најврмовската општина во градот, исполнето со адекватна иконографија. Во населбата амбиентот е исполнет со чести напади над малубројните Албанчиња.

Се придржувам за стол и ми текнува дека е петок - ден за џума, ден кога задолжително сум во чаршија.

Без напади на хистерија го убедувам дека мораме да одиме до чаршија, до антикварот Влатко, кујунџијата Џељо, лимарот Арслан (инаку омилен лик на внук ми), да купиме семе за магдонос кај чичко Шабан во самиот пазар, до чајџилницата да го сретнеме оџата Рамадан Рамадани и да направиме муабет (ако нема муабет нема бериќет - тоа го запамтил) и после кај Дестан на ќебапчиња.

Детето збунето ме гледа и вели: не бре, дедо, зошто?

Па прееска кога дојде од школо ми соопшти дека ги мразиш Шиптарите, еве ги, тоа се мои и твои пријатели, дали ги мразиш? Детето поцрвене и наивно ми одговори: па така сите викаат во школо.

Да ти се мочам во школото, му одбрусив, а тој знае што тоа значи. А вие ашљаци, водете ги децата почесто во чаршијата да ја научат школата на животот, инаку цел живот ќе останат вмрОВЦИ. Штета.

Извор: Фејсбук профилот на авторот