Кинескиот Шиндлер

28.10.2015 18:58
Кинескиот Шиндлер

Во текот на 1938 и 1940 година, Хо, како генерален конзул на конзулатот на тогашната националистичка кинеска влада во Виена, со само еден потег со пенкало, спасил десетици илјади Евреи од Холокаустот. Тој, всушност, спротивно на инструкциите на претпоставените и во време кога другите амбасади одбивале да издадат визи поради страв од нацистичката влада, издал визи на илјадници Евреи кои очајно барале спас од окупираната Австрија.

Точниот број на спасени животи благодарение на кинескиот конзул, веројатно никогаш нема да биде познат, бидејќи во текот на годините се изгубени и уништени многу документи кои би сведочеле за храброста на Хо. Сепак, врз основа на сериските броеви на издадените визи, се проценува дека се работи за спасување на четири до десет илјади Евреи.
Хо често е нарекуван „Кинески Шиндлер“, во чест на индустријалецот Оскар Шиндлер, кој спасил 1200 Евреи вработувајќи ги во својата фабрика, која се наоѓала во Полска.

„Денес повеќето луѓе веруваат дека Хо во тоа време спасил повеќе од 5000 животи. Уште поважен е податокот дека тој бил првиот дипломат кој преземал конкретна акција за спасување на Евреите“ – вели Ксу Ксин, професор и водечки експерт за еврејски студии на Универзитетот во Нанџинг.

Ниту фактот дека нацистите ги заплениле просториите во кои се наоѓала Амбасадата на Кина, под изговор дека станува збор за еврејски имот, не го спречил конзулот Хо, со сопствени финансиски средства да отвори канцеларија која ќе продолжи со спасување на животно загрозените луѓе. „Тој беше многу едноставна личност, но принципиелен човек со изразен интегритет“ – изјавила Манил Хо, ќерката на покојниот дипломат.


Бегство од нацистичкиот пекол: Шангајската виза

Трикот со визите

Конзулот издавал визи само за влез во Шангај, во отворениот пристаништен град под јапонска окупација во кој секој можел да влезе без wiz air, и во кој немало имиграциони контроли. Важноста на оваа патна исправа се огледувала, сепак, и во фактот што со него било полесно да се дојде до транзитни визи, со помош на кои првичната дестинација Шангај можела да премине во спасоносно бегство во САД, Палестина, Филипините или на некое друго место, далеку од злокобниот нацизам.

Податокот кој сведочи за тоа дека Хо со леснотија издавал „визи“ за Шангај, брзо се раширил меѓу загрозената еврејска популација и на овој кинески град му донел углед на сигурно засолниште, иако многу еврејски бегалци никогаш не стапнале таму.

Сведоштва на преживеаните бегалци во Шангај

Меѓу оние кои добиле виза бил и Ерик Голдстoуб, кој имал 17 години кога добил една од 20-те „шангајски визи“ за своето семејство. Кога нацистите ја анектирале Австрија, тој почнал да тропа на вратите на многу конзулати и секаде бил одбиван, сè додека не стигнал до конзулот Хо кој го примил.

„Какво изненадување беше тоа. Убав прием, пријателска насмевка и следната порака: Понесете го вашиот пасош и ние ќе ви издадеме визи за нашата земја“, запишал Голдстoуб во своите мемоари, истакнувајќи го значењето на чинот на Хо, без кој „многу животи денес не би постоеле“.


Позната како „Мала Виена“, поради бројните кафеани, продавници и ноќни клубови, оваа улица била комерцијален центар на еврејското гето

Еврејското население во Шангај

Во средиштето на злокобната војна, под јапонската окупација Шангај станал „Ноева арка“ и прибежиште за околу 25 000 Евреи кои побегнале од нацистите.
Во 1943 година јапонските окупатори оградиле дел од градот и го прогласиле за Сектор за бегалци без државјанство, со што е создадено Шангајското гето во кое живееле Евреи. Животот во него не бил лесен, бидејќи луѓето живееле во пренатрупани, валкани простории, во постојан страв од јапонскиот прогон.

И покрај предизвиците, еврејските бегалци со текот на времето успевале да создадат претпријатија и полека да почнат да се опоравуваат од загубата на сè она што дотогаш го имале. Многу брзо гетото почнало да наликува на австриските или германски градови, па често било нарекувано „Мала Виена“, поради бројните кафеани, продавници и ноќни клубови. Во него се оформиле и театарски групи, оркестар, спортски тимови во фудбал и пинг-понг, како и голем број весници и списанија на германски јазик.

Хо бил скромен човек кој израснал во Кина, во сиромаштија и без татко, а сепак успеал да стане дипломат. За настаните во Виена ретко зборувал, а за сопствената улога во сето тоа, никогаш не изустил ниту збор. Неговата херојска приказна излегла на виделина сосем случајно, кога неговата ќерка објвила некролог, во кој се спомнува неговото соочување со Гестапо за помагањето на еврејските бегалци, по што почнало истражувањето и реконструкцијата на благородниот чин на Хо.

Во 2000 година, Израел постхумно му ја додели титулата „Праведник меѓу народите“, една од највисоките државни почести. Американскиот Сенат усвои резолуција во чест на конзулот Хо и неговите херојски дела во 2008 година, а на почетокот на 2015 година поставена е и спомен-плоча пред зградата на поранешниот кинески конзулат во Виена, на чие место сега се наоѓа хотелот Риц Карлтот.


Некогашното прибежиште на Евреите: Шангајското гето денес

Во мемоарите објавени во 1990 година, Хо опишал како бил длабоко погоден од страдањата на Евреите:
„Гледјќи ги Евреите толку избезумени од страв, беше сосема природно да се почувствува длабоко сочувство, и од хуманитарно рамниште, да се вложат максимални напори да им се помогне“ – напишал Хо, човекот кој со храбриот и благороден чин, се изложил на голем ризик, само за да помогне“.

Извор: www.e-novine.com

ОкоБоли главаВицФото