Владата донесе закон со кој сите претседатели задолжително ќе мора да научат англиски јазик

29.10.2015 12:23
Владата донесе закон со кој сите претседатели задолжително ќе мора да научат англиски јазик

Скопје, 29 октомври 2015


Под итна и забрзана постапка вчера вечерта владата на последната седница донесе посебен закон за сите вршители на функцијата претседател на Република Македонија.

Со новиот закон, секој претседател ќе мора да поседува основни познавања од англискиот јазик, при што истиот е обврзан да поднесе диплома од завршен соодветен степен во некое јазично училиште.

Ова утрово пред медиумите го соопшти Ѓорѓи Александров, гласноговорникот на владата.

Тој нагласи дека претседателите во иднина ќе можат да одржуваат прес конференции одредени од владата на Република Македонија или некое друо министерство.

Доколку претседателот биде фатен како два пати ја прекршува оваа одредба, тогаш трајно ќе му биде одземена лиценцата за работа. Инаку, казните за ваков прекршок со новите измени изнесуваат по пет милиони евра, а потоа следи и јавно жигосување и откажување од претседателот, изјави Александров.

Според него, трошоците за учење на основен англиски јазик ќе ги покриеле владата и министерствата, а претседателите ќе мораат да го совладаат најдоцна до 1 јануари 2016 година, додека до почетокот на 2017 ќе мора да научат еден степен повеќе од јазикот.

Слика: Странски служби