Кората од портокал би можела да ги исчисти океаните од жива?

29.10.2015 15:51
Кората од портокал би можела да ги исчисти океаните од жива?

Индустрискиот отпад и кората од портокал наскоро би можеле да станат неопходен дел од борбата против штетната контаминација на живата.

Џастин Чалкер од универзитетот Флиндер го измсили новиот нетоксичен полимер составен главно од сулфур и лимонен – достапни нус-производи на нафтената и цитрусна индустрија. Годишно овие две индустрии заедно произведуваат повеќе од 77 милиони тони сулфур и 77 илјади тони лимонен, кои би можеле евтино повторно да се искористат.

„Контаминацијата на живата е присутна во многу делови од светот, а со тоа влијае на снабдувањето на храна и вода, создавајќи сериозна потреба за ефикасен и исплатлив начин за решавање на тој проблем“ – вели Чалкер.

Полимерот, кој може да ја детектира и отстрани живата во водата, и на земјата, добива светло жолта боја, во присуство на тој штетен елемент. Не само што овој нов полимер е добар за решавање на проблемот на загадување од живата, но исто така придонесува индустрискиот и цитрусен отпад добро да се искористи, претворајќи го во форма која е многу поедноставна за складирање, така што е лесно да се отстрани и замени.

Одамна е потврдено дека живата е невротоксин кој може да влијае на функционирањето на мозокот и централниот нервен систем. Според списанието Natural Resources Defense Council, во животната средина, жива емитуваат електраните, цементарниците, одредени хемиски произведувачи и други индустриски објекти.

Некогаш живата често се користела во голем број на производи за домаќинство, како што се термометрите и термостатите. Но во последните години експертите изразија загриженост поради количините на жива присутни во рибата. Преку процесот познат како биомагнификација, живата може да се акумулира во големи количини во рибите и другите предатори кои се наоѓаат на врвот на синџирот на исхрана.


Макс Вортингтон, студент од Флиндер и д-р Џастин Чалкер со новиот полимер, кој ја отстранува живата од водата

Извор: Discovery