1012 hPa
100 %
4 °C
Скопје - Пет, 19.04.2024 02:59
Ника Гавровска е родена и живее во Скопје. Во своето слободно време таа сака да готви. За фотографирањето, пак, ќе рече дека тоа е будна состојба на умот и духот зашто само така може да се препознае фаталната средба меѓу интуицијата, случајноста и геометријата. Фотографијата, затечена во тажната љубовна судбина на неподвижноста средe светот во движење, ќе биде или мудра или луда (како што вели Ролан Барт) и ќе постигне совршена илузија на недофатливата стварност.