Чарлс Делшо: дела создадени за да ја задоволат внатрешната творечка сила

02.11.2015 13:28
Чарлс Делшо - сонувач и визионер

Есента, во 1899 година, Чарлс Делшо (1830-1923), пензиониран месар од Хјустон, започнал проект кој ќе го окупира повеќе од дваесет години.

Она што започнало како илустриран ракопис во кој ги раскажува своите искуства за време на Златната Треска во Калифорнија, станува опсесивен проект кој резултирал со 12 големи, рачно врзани книги со повеќе од 2500 цртежи, поврзани со авиони и развојот на летањето.

Дизајните на Делшо наликуваат на традиционалните балони кои работат на топол воздух, надополнети со фантастични визуелни детали, колажи и текст. Рачно изработените „Aeros“ биле прошарани со колажирани страници наречени Press Blooms, комбинирани со илјадници исечоци од весници, поврзани со политичките настани и технолошки достигнувања од тој период.

По смртта на уметникот во 1923 година, книгите биле складирани на таванот во семејниот дом во Хјустон. По пожарот кој се случил во 1960 година, тие биле фрлени на тротоарот и спасени од некој продавач на стари работи.

Осум од нив го нашле своето место во колекциите на Музејот за уметност во Сан Антонио, Музејот Witte и колекцијата Menil. Остатокот бил продаден на приватен колекционер. Делата на Делшо оттогаш биле собрани од страна на голем број други музеи, вклучувајќи го и Американскиот Музеј на народната уметност, Музејот Тhe High, Уметничкиот центар Џон Мајкл Колер и Музејот за уметност во Филаделфија.

Како ексцентричните илустрации на Адолф Волфли, Хенри Даргер и Ахил Ризоли, овие приватни дела не биле создадени за светот на уметноста, туку за да ја задоволат движечката внатрешна творечка сила.

Сонувач, оптимист и визионер, Чарлс Делшо е еден од најраните документирани уметници аутсајдери кој е познат во Америка. Првата монографија за Делшо вклучува есеј од ликовниот критичар Томас МекЕвилеј, есеј од критичарот Роџер Кардинал од Универзитетот во Кент, еден текст од Џејмс Брет од Museum of Everything во Лондон, есеј од Том Крoуч oд Smithsonian Institution’s Museum of Air and Space, есеј од Барбара Сафарова и биографски преглед направен од страна на уметникот и независен куратор, Трејси Бејкер-Вајт.

Извор:elusivemu.se

 

ОкоБоли главаВицФото