Пес

02.11.2015 16:48

Наскоро ќе го напуштиме местото кое има голема градина и фонтана. Гледам низ прозорецот на автомобилот и го гледам нашиот пес како лежи на носилката со тркалца во довратокот на една шупа. Свртен ни е со грб. Лежи неподвижно. На неговиот врат се два набрани цвета, еден црвен и еден бел. Гледам настрана, па назад кон него - сакам да го видам последен пат. Но во довратокот нема никого. Исчезна во тој еден момент: еден момент прерано - тој е одведен.

Превод: П. В.

Лидија Дејвис (Lydia Davis, 1947) е современа американска писателка. На книжевната сцена се појавила кон половината на седумдесеттите години кога, во малата издавачка куќа која ја основала со својот прв сопруг, писателот Пол Остер, ја објавила збирката раскази „Тринаесетата жена и други раскази“. Досега објавила десетина збирки раскази. Нејзината проза ја карактеризираат прецизноста, сведеноста, хуморот, мешавината на филозофија и поезија. Мошне е ценета и како преведувачка од француски јазик.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото