Архисутра

04.11.15 13:46

По неговите претходни проекти Archist City и Archidirector, посветени на големите уметници и познати режисери, графичкиот дизајнер и илустратор Федерико Бабина, се враќа со нова серија со наслов Archisutra, неверојатна мешавина од архитектура и светот на Камасутрата.

Според илустраторот, серијата ја истакнува сексуалната симболика својствена за многу познати згради. Тој реферира на еден цитат од швајцарско-францускиот архитект Бернард Шуми, кој напишал: „Архитектурата е врвен еротски акт“.

„Многу архитектонски градби се потпираат на метафорични вредности и на сексуалниот симболизам“, – вели Бабина. „Семантиката, метафориката и симболиката на архитектурата е константна низ вековите без разлика на стилот и историскиот период.“

„Истовремено, со овие илустрации сакам да претставам антропоморфна архитектура во која се провлекуваат надреални теми кои го доловуваат несвесниот двоен живот на архитектурата“, – додава уметникот.


Извор:www.ufunk.net

ОкоБоли главаВицФото