1005 hPa
94 %
20 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 02:59
На местото на старите отворени шахти, вчера, во близина на мобилната галерија во Паркот на франкофонијата никнаа печурки: шахтите се затворени и разубавени со мозаици.
Заради бројните барања до надлежните за санирање на отворените шахти и отсуството на каква било реакција, екипата на Урбани уметнички акции реши самата да почне да ги заштити граѓаните од проблематичните места.
„Пред некое време во истата шахта најдовме кученце, кое ако не го најдевме ќе умреше, а истото може да се случи и со некое дете“, велат активистите.
Анонимните активисти што ги прават урбаните акции најавуваат дека ќе се зафатат и со други вакви акции за помош и заштита на граѓаните.
Извор: A1он