Мечето Пу против вонземјанецот

01.04.2010 12:00
pooh1.jpg

Сè започна со една вообичаена прошетка на мечето Пу и неговиот пријател желката. Открија јајца со необични облици.

Тогаш се случи нешто предвидливо.

Мораа да побараат помош.

Зајакот се преправаше дека не е дома сè додека не си заминаа.

Беа слушнати многу мислења, но ниедно не беше решението.

Меѓутоа, на многумина им здодеа проблемот на Пу, па му рекоа да си оди дома и да отспие. Тогаш се појавија соништата.

Тие беа многу загрижувачки.

Некои беа чудни.

Некои беа страшни.

Некои ужасни.

Некои од нив се чинеа природни.

Но природата не е добредојдена во земјата на соништата.

Во меѓувреме, Ијор откри нов опаш кој донесе одредени последици.

Ослободен од грижите и проблемот, Пу можеше да им се врати на утринските прошетки. Времето беше прекрасно.

Наеднаш, Пу почувствува болки во стомакот.

- Леле!

- Еј, здраво...

- Каков ден!

Во меѓувреме, Ијор лежеше во бара и посакуваше некој да наиде и да го убие.

Суштеството кое излезе од стомакот на Пу беше одличен другар. Никој не го забележа отсуството на Ијор.

Пу сфати дека секое од јајцата со необичен облик може да крие страшно изненадување.

 

Вонземјанинот кој се насели во Ијор порасна брзо благодарение на исхраната со риби. Тој зачува голем дел од обликот на својот домаќин.

- Каква мешаница! (Сите тие лица што шетаа наоколу прегрнати од вонземјани беа многу непријатни.) – Боже, го зазедоа и Канга!

Мораше да се преземе нешто. Пу и неговиот пријател желка беа одличен тандем. Чекор по чекор ја чистеа шумата од натрапниците.

Добија и помош од пријателот Тигар.

Ијор повеќе не се вклопуваше во шумата. Се повлече.

Никој не го бараше таму.

Следниот ден на грбот на Пу се појави нешто чудно. – Пу, мислам дека имаш нешто на грбот – рече желката.

- Сакам да имам ново лице.

Мислам дека чајанката ќе се одржи онде.

Кога најпосле стигна и почесниот гостин, чајанката можеше да започне.

Но, како што ненадејно започна...

...така ненадејно дојде време за спиење.

Крај

Извор: visboo.com

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Стрип / Уметност
Графички Дизајн / Стрип / Уметност
Графички Дизајн / Стрип / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип

ОкоБоли главаВицФото