Проекција на „Девојката што паѓа“, дебитантскиот анимиран филм на Владимир Лукаш

06.11.2015 11:22
Проекција на „Девојката што паѓа“, дебитантскиот анимиран филм на Владимир Лукаш

На 6 ноември (петок) во 19:00 часот, во Кино Фросина (МКЦ) ќе се одржи проекција на краткиот анимиран филм „Девојката што паѓа“, во рамки на фестивалот Анимакс.

Станува збор за дебитантски анимиран филм на режисерот Владимир Лукаш. Аниматори  се Жарко Иванов и Владимир Лукаш, сценариото го напиша Иван Шопов, на монтажата работеа Владимир Лукаш, Жарко Иванов и Крсте Господиновски, а за звукот се погрижи Милан Симовски.

„Девојката што паѓа“ трае десетина минути, изработен е во катаут стоп анимација, а инспириран е од истоимениот славен расказ на Дино Буцати.

 

***

 

Девојка стои на врв од зграда, гледа надолу кон градот и во еден момент скока. Паѓа со затворени очи и одеднаш се наоѓа на ливада опкружена од бизарни ликови. Паѓањето продолжува…