Истражување: сè помалку луѓе во Македонија се жалат на слабиот наталитет

06.11.2015 14:51
Истражување: сè помалку луѓе во Македонија се жалат на слабиот наталитет

Скопје, 6 ноември 2015

Истражувањето на Институтот за природен прираст од Паљурци покажа дека наталитетот во Македонија претставува проблем за сè помал број луѓе. Како што дознаваат Пара вести, бројот на негативни коментари по повод намалувањето на популацијата кои секојдневно се слушаат на улица е сè помал и помал.

„Истражувањето го започнавме со метод на случаен примерок од 1.000 граѓани, и забележавме дека примерокот многу се намали и истражувањето го завршивме со околу 500 учесници. Но и тоа е валидно, само помалку валидно“, вели Влатко Ѓорчев, предводник на истражувачкиот тим.

Тој вели дека е интересно што и истражувачкиот тим на почетокот броел многу повеќе членови, од кои повеќемина се иселиле додека траел проектот.

Како што дознаваме неофицијално, бројот на жалби за намалување на населението е пропорционален на бројот на жалби за метеж во сообраќајот, додека невработеноста, спротивно на сите очекувања, останува на исто ниво.

„Наша претпоставка беше дека со намалувањето на наталитетот ќе се намали и процентот на невработеност, но тоа не се случува. За сега тоа ѝ го припишуваме на светската економска криза, против која владата на Никола Груевски се бори со сите расположливи средства“, објаснува Ѓорчев.

Извор: www.njuz.net
Слика: Александар Ковачевски