Шивачката Мара

07.11.2015 13:44
Шивачката Мара

Зошто да се крие ‒
шивачка е Мара.
Што по дење шие
навечер го пара.

Шие, шие, шие,
пара, пара, пара.

Шие блуски бели
за зајчиња смели,
ракавички‒палци,
гаќички и калци.

Шие, шие, шие,
пара, пара, пара.

Зајчињата боси
мијат нозе в роса
и без блуски голи
трчаат по поле.

Шие, шие, шие,
пара, пара, пара.

Ќе шие, ќе пара
дур да стане стара ‒
тогаш кој ќе бара?

Зајци босоноги,
а и други многу ‒
свршиле на оган.

 

Алојз Градник (1882-1967), словенечки поет и преведувач. Учел во повеќејазична гимназија во Горица. Живеел во студентски дом под управа на католичката црква. Потоа се запишал на студии по право во Виена, а извесен период работел како судија. За време на Втората светска војна бил депортиран во логор од страна на италијанските фашисти, што силно ќе влијае врз неговата поезија. Автор е десетина поетски книги, меѓу кои: „Ѕвезди што паѓаат“ (1916), „Патот на тагата“ (1922), „De Profundis“ (1926), „Светли осамености“ (1932), „Вечни бунари“ (1938), „Златни скали“ (1940), „Бог и уметник“ (1943), „Крв која пее“ (1944), „Песни за Маја“ (1944).

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.
Слика: Гистав
 Курбе

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото