Шкотска ја гради најголемата пловна електрана на ветер во светот

10.11.2015 03:06
Шкотска ја гради најголемата пловечка електрана на ветер во светот

Меѓународната агенција за енергија неодамна објави дека до крајот на оваа деценија светот ќе добива околу 26% од своите потреби од обновливи и чисти извори на енергија. Сите скандинавски земји огласуваат различни иницијативи за зголемување на капацитетите за производство на енергија од обновливи извори. И Шкотска го следи овој пример. Нивната влада ја одобри изградбата на првата пловна електрана на ветер во Велика Британија. Но, тоа не е сè – ова ќе биде најголемата пловна електрана во светот.

Новата електрана, наречена Hywind, ќе се наоѓа на оддалеченост од 25 километри од најисточната точка на шкотскиот брег, а ќе биде изградена од страна на норвешката енергетска компанија Statoil. Пет големи пловни турбини ќе произведуваат 135 гигаволт-часови електрична енергија годишно, која ќе може да обезбеди речиси дваесет илјади домови. Енергијата ќе биде дистрибуирана до копното со помош на закотвени подводни кабли.

Иако ова е огромен градежен проект, прилично е евтин, ако ја сметаме цената на производство на електрична енергија. Bloomberg наведува дека производството на енергија преку ветер чини како една фабрика за производство на природен гас.

Се најавува дека во Мароко наскоро има ќе има можност за континуирано производство на електрична енергија со користење на најсовремената соларна технологија, со што ќе се приклучи на сè поголемиот број на земји кои имаат удел во производството на енергија од обновливи извори. Овој важен придонес на Шкотска за меѓународните иницијативи несомнено ќе ја осигура одлучноста на учесниците на престојната конференција на ОН за климатските промени.

Извор: znanost.geek.hr

ОкоБоли главаВицФото