Трогателна приказна за берберот и аутистичното момче

10.11.2015 03:36
Трогателна приказна за берберот и аутистичното момче

Кога на синот на Џејми Луис и Дени Дејвис, Мејсон, му бил дијагностициран аутизам, тие сфатиле дека вообичаените активности како што е потстрижувањето, ќе бидат тешки за некој кој се соочува со ваков вид на нарушување. Откако младиот Мејсон се соочува со сензорно нарушување, за него не е лесно да седне и да се чувствува удобно кога некој држи ножици толку блиску до неговата глава.

Затоа, берберот Џејмс Вилијамс, кој работи во берберницата Jim The Trim, имал неколку неуспешни обиди додека да го потстриже Мејсон. „Во текот на последните неколку месеци на различни начини се обидував да му ја скратам косата на Мејсон, но тој не ми дозволуваше да дојдам во близина на едно од неговите уши. Постојано бегаше од мене“, напишал Вилијамс на Фејсбук.


Тогаш Вилијамс одлучил да се обиде со поинаква тактика. Наместо да да го принудува да седи на стол и да прави нешто што не му е удобно, берберот легнал со него на подот. „И двајцата лежевме на подот во тишина, и тој ми дозволи да му ја потстрижам косата и да му ја направам неговата прва вистинска фризура, а за мене тоа претставуваше едно ново достигнување во работата“ – вели Вилијамс.

„Сакав двајцата родители да ги направам среќни со тоа што ќе му обрнам дополнително внимание на Мејсон, преку градење на пријателство и доверба“. Откако завршиле со фризурата, фризерот од него побарал пријателски поздрав, но момчето чувствувало дека тоа не е доволно. Наместо тоа, Мејсон го прегрнал берберот Вилијамс.


Откако оваа несекојдневна приказна се рашири низ интернет, берберот повторно се изјаснил на Фејсбук, изјавувајќи: „Мејсон е супер ѕвезда. Јас сум трогнат од тоа што со овој гест успеав да влијаам на глобално ниво, на сите семејства, да придонесам за зголемување на свеста за аутизмот... искрено, јас навистина сум трогнат“.

Извор: themighty.com

 

Слични содржини

Книжевност / Психологија / Живот
Психологија / Живот
Општество / Активизам / Живот / Филм
Општество / Активизам / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото