Ламба-цвет

11.11.15 14:17

Група архитекти конструираа јавна инсталација која со својот необичен цветен дизајн му нуди една специфична уметничка естетика на урбаниот простор.

Проектот Warde е лоциран во плоштадот Валеро во Ерусалим, урбано подрачје кое моментално се наоѓа во лоша состојба. Сега овој запуштен дел од градот е разубавен со една џиновска скулптура во вид на цвет, доволно голема да ги привлече погледите на целиот плоштад. Наместо да се борат против метрополитската природа на пазарот, дизајнерите сакаат да работат во хармонија со општината.

Овие гигантски цветови се активираат на движење, што значи дека цветаат кога минувачите поминуваат покрај нив. Сакајќи прецизно да ја опишат нивната инсталација, архитектите велат: „Одеднаш и неочекувано, урбаниот простор почнува да реагира на луѓето“. Овие џиновски цвеќиња немаат само естетска вредност, тие можат да се искористат и како сенка за заштита од сонцето или како ноќно светло, кога ќе настапи ноќта. Штом плоштадот веќе не е преполн со луѓе, енергичните ливчиња на цветовите кои непрестајно се отвораат и затвораат во текот на денот и ноќта, се одмараат до следниот бран на активност во нивна близина кој ќе ги охрабри уште еднаш да процветаат.


Извор: www.contemporist.com

ОкоБоли главаВицФото