1010 hPa
88 %
13 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 03:59
Скопје, 11 ноември 2015
Македонскиот народ ја има моќта да одлучи не само за таканаречениот Извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, туку и дали Европската унија воопшто постои. Ако гласачите решат ЕУ да не постои, тогаш Владата ќе ја почитува таа одлука и ќе се однесува согласно неа.
– Со нетрпение ги очекуваме изборите во април. Јас му верувам на амбасадорот Аиво Орав дека Европската унија дека овој извештај е навистина напишан од, како што тој тврди, Европската унија, но јас не сум избран од некаква си, фиктивна или вистинска ЕУ, туку од мојот народ. Тој ќе каже дали ова што го зборува Орав е вистина – рече Груевски откако го прими Изврштајот.
Тој додаде дека не само за ЕУ, на народот ќе е последната и за сите други теми кои го мачат човештвото. Дали има вода на Марс, дали се топи мразот на Северен пол, дали Русија има право да интервенира во Сирија, дали лавот Сесил е навистина мртов… и уште многу други прашања – за сето тоа ќе мора да одлучи македонскиот народ.
Извор: www.kozanostra.net