Скулптури на велосипед прашуваат: Уште колку жртви?

12.11.2015 16:31
Скулптури на велосипед прашуваат: Уште колку жртви?

Скулптури на велосипеди со силуети кои на своите тела носат натписи: „Уште колку жртви“, „Скопје е и наш град“ и „Кај јас да возам“, од утрово можат да се видат на три локации во Скопје: на улиците Орце Николов, Рузвелтова и во близина на болницата „8-ми Септември“, објави А1 он.

Се работи за уште една урбана уметничка акција, која алармира за катастрофалната состојбата на улиците на Скопје – нема велосипедски патеки, а и тие што постојат се со дупки. Како резултат на хаосот во сообраќајот, велосипедистите во главниот град се чести жртви во сообраќајот.

ОкоБоли главаВицФото