Модна колекција дизајнирана со 3D технологија

12.11.2015 17:50
Модна колекција дизајнирана со 3D технологија

Сме имале прилика да видиме 3D принтови во различни форми, вклучувајќи уникатни цветни аранжмани, минијатурни фигурини, и креативни скулптури. Дизајнерката Ноа Равив поставува едно сосема ново ниво и преку иновативен процес ја создава својата модна колекција.

Равив ја развива колекцијата Hard Copy како дел од нејзината студентски проект на колеџот за инженерство и дизајн, Шенкар. Уметницата креирала компјутерски модели со мрежи и линии како инспирација за модерните стилови.


Дизајнираните 3D парчиња се креирани со помош на Stratasys Objet Connex500 Multi-Material технологија за 3D печатење. Равив ги комбинира црните и бели графички шеми со додавање интензивни портокалови линии за да се формираат спирали и набори околу телото. Таа прави и комбинација на блузи и едноставни здолништа. „Тензијата помеѓу реалното и виртуелното, помеѓу 2D и 3D, ме инспирираше да ја креирам оваа колекција“ – објаснува Равив.


Извор: www.designboom.com

ОкоБоли главаВицФото