1018 hPa
94 %
11 °C
Скопје - Чет, 16.04.2026 15:32

Ако овој период сте во потрага по инспирација по повод ноември, месецот посветен на брадата, погледнете ја серијата фотографии на уметничкото дуо Стејси и Пирс Тиот, со наслов Will It Beard. Овој интригантен проект ја користи густата брада на Пирс како неконвенционален простор за создавање на фотографии кои истовремено се уметнички и комични.
Поточно, креативното дуо ужива во измислувањето и наоѓањето колку што е можно повеќе различни и случајно одбрани објекти кои можат да се вклопат во густата брада на Пирс.
.jpg)
Цвеќиња со интензивна боја, пластични стапчиња за правење меури, бонбони, минијатурни играчки, витлери, па дури и лего коцки, се само неколку од чудните предмети кои се поставени во брадата и брковите на фотографот.
Дуото Тиот исто така сакаат да им посветуваат внимание на различни празници како што е Ноќта на вештерките и Велигден, а подготвуваат и други сезонски дизајни на разновидни теми.
.jpg)
Ако имате необична идеја која сакате да им ја предложите на овие уметници, за тие да ја имплементираат, едноставно оставете коментар на нивниот Инстаграм и тие ќе знаат што следно сакате да видите од нив.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Извор: willitbeard.com