Внук решил да одвои дел од џепарлакот за баба му и дедо му, за да можат да преживеат со зголемената пензија

16.11.2015 13:56
Внук решил да одвои дел од џепарлакот за баба му и дедо му, за да можат да преживеат со зголемената пензија

Скопје, 16 ноември 2015

Десетгодишниот Андреј Милевски од Скопје решил секој месец да одвојува дел од својот џепарлак за баба му и дедо му, бидејќи сака да им помогне да преживеат со зголемената пензија. Овој ученик во четврто одделение вели дека се решил на ваков потег откако дознал дека пензиите на баба му и дедо му се зголемени за 600 денари.

„Кога слушнав колку изнесува тоа покачување, решив да им помогнам на баба и дедо да врзат крај со крај. Мене зголемувањето на џепарлакот во тој износ не би ми значело ништо, зашто за тие пари не може да се купи којзнае што. Пресметав дека кога секој ден би издвојувал само по 30 денари за баба и дедо, тоа би биле повеќе пари од она што го добија со покачувањето“, вели Андреј.

„Очекувам дека и родителите ќе ми помогнат во оваа акција, зашто, за среќа, не се просветни работници како родителите на другар ми Кире, па имаат нормални плати. Кире мора и ним да им дава дел од џепарлакот, како еден вид еднократна помош“, раскажува Андреј за Пара вести.

Тој напоменува дека му е мило поради тоа што државата не се грижи директно и за финансиската состојба учениците.

„Кога би зависеле од државата, учениците не би имале ни за кифла“, заклучува нашиот десетгодишен соговорник.

Извор: www.njuz.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото