Сферичен генератор на соларна енергија кој создава енергија и од месечината

16.11.2015 15:39
Сферичен генератор на соларна енергија кој создава енергија и од месечината

Архитектот од Барселона, Андре Броесел, го измислил не само најубавиот, туку и на најефикасниот соларен уред кој може да ја подобри енергетската ефикасност дури за 35%.

Необичниот дизајн се состои од една „кугла“ наполнета со вода која служи како објектив и геометриска структура која што ја одржува стабилноста на уредот.

За разлика од своите традиционални колеги, овој соларен уред може да се прилагоди на сите временски услови и сите терени. Дури и совршено може да функционира на ѕидови, што му овозможува на кој било објект да го имплементира во својата структура.


Лево: Првиот прототип/Десно: вториот прототип

Она што е најважно и најфасцинантно за овој уред е фактот дека тој може да произведува електрична енергија црпејќи сончева светлина – како и месечината.


Третиот прототип наполнет со вода подготвен за мерење

Овој концепт има огромен потенцијал. Доколку стаклените кугли би се вградиле во ѕидовите на зградите, би можеле да генерираат енергија, да изгледаат убаво и да пропуштаат дневна светлина како и обичните прозорци.


Тестирање на делотворноста на месечината

3D приказ на сферичниот генератор на соларна енергија во контекст на модерната архитектура

Извор:pixelizam.com

 

 

ОкоБоли главаВицФото