Филмот „Ени Хол“ прогласен за филм со најсмешно сценарио

17.11.2015 07:09
Филмот „Ени Хол“ прогласен за филм со најсмешно сценарио

Американското здружение на сценаристи (WGA) го прогласи сценариото за романтичната комедија „Ени Хол“ (Annie Hall) на Вуди Ален, за најсмешно сценарио на сите времиња.

На неодамна одржаниот состанок во Холивуд, од здружението на сценаристи составиле листа од 101 најзабавно сценарио и најавиле доделување на награди. 

Комедијата на Вуди Ален од 1977 година, во која познатиот режисер глуми заедно со Дајан Китон, се нашла дури и пред еден класик во комедијата како што е филмот „Некои тоа го сакаат жешко“ (Someone Like It Hot).

Меѓу поновите сценарија најдобро се пласирани сценаријата за филмовите: Деверици (16-то место), Борат (29-то место), Мамурлак (30 -то), Водител (54-то) и Малата мис Саншајн (64-то место).

Најстарото сценарио на списокот датира од 1925. Станува збор за сценариото за филмот Златна треска, чиј автор, а воедно и режисер и главен актер, Чарли Чаплин, го зазеде 94-то место.

Во првите 20 на листата се: „Ени Хол“, „Некои тоа го сакаат жешко“, „Ден на мрмотот“, „Има ли пилот во авионот“, „Тутси“, „Младиот Франкенштајн“, „Доктор Стрејнџлав“, „Жешки седла“, „Монти Пајтон“ и „Светиот грал и Куќа на животни“, „Државен непријател“, „Големиот Лебовски“, „Истерувачи на духови“, „Кога Хари ја сретна Сели“, „Има нешто во врска со Мери“, „Рибата наречена Ванда“.

Извор: www.6yka.com