Србите се ОК!

18.11.2015 13:27
Србите се ОК!

Самиот бев жртва на една нарација за која мислам дека за жал ја имаат повеќе наши сограѓани, поради негативната реклама на некои негативни ликови во нашата држава.

Поради курвинското однесување на Латас, Драгиша Милетиќ и лидерот на другата српска партија, Иван Стоиљковиќ, и неколку други Срби во земјава, мислам дека многумина во земјава заклучија дека Србите во Македонија се перфидни, евтини пички во служба на паторот и режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно со негирањето на МПЦ и забраната за чествување на 2 август во Прохор Пчински, ликот и делото на Србите во земјава беше драстично оцрнет. Во оваа нарација помогна и активноста на оние шупци кои редовно ги носи Миленко во своето шоу, особено вечното куче на војната, Лазански.

Ако на ова го додадеме константното плукање по Србите од страна на Љубчо Георгиевски и сите албански лидери, партии и медиуми, сликата за Србите во оваа земја беше, според мое мислење, драстично негативна и лоша.

Како капак на сè, во Србија дојде на власт Александар Вучиќ, батлерот и буреконосачот на Шешељ, па веднаш се вратија спомените од едни гадни времиња во 90-тите кога Србите малку го беа изгубиле умот под влијание на многу шливовица и национализам.

Но, морам тука лично да посведочам дека сепак таа црна слика за Србите во Македонија баш и не држи – погрешна е и не соодветствува со реалноста. Имено, овие неколку месеци личен сведок сум на активноста на многумина храбри Србенди кои се во нашите редови и бијат жестока битка со режимот, рамо до рамо со нас, останатите Македонци и останати етноси, кои сме згадени од ова што го прави Груевски!

Прв за набројување секако е Саша Богдановиќ, лидерот на СДСМ во Скопје, потоа тука се адвокатот Мирослав Вуиќ и неколку бизнисмени кои ја помагаат опозицијата, а се со српско потекло. Еден од главните соросоиди кои се во жестока битка со режимот е и Ненад Јовановиќ од Кавадарци.

Од друга страна, најголемиот донатор на Мактел.мк е македонски гастарбајтер од САД кој е етнички Србин од Куманово. Потоа, единствениот вработен на сајтов е половина Србин. Да не зборувам дека и мојата сопруга е пола Србинка.

Значи, не треба да мислиме дека Латас е репрезент на Србите во Македонија. Тој е уствари една голема анти-реклама на она што се Србите во вистинска смисла во историски контекст. Србите секогаш претставувале храбар народ кој не се продава така лесно за пари. Мислам дека е ферски ова да се потенцира.

Оваа колумна ја спремам во главата уште од пред два месеца, кога бев седнат на маса на која се дебатираше како да се најде помош за стартување на мојата интернет емисија. Пред да се почне дебатата, сите заедно ме прашаа - „Добро бе, друже, зошто толку нè мразиш нас Србите?"

Во тој момент сфатив дека сите на масата, освен што се окорели борци за слобода од режимот, се и Срби по етнос. Тогаш сфатив колку сум дозволил да бидам излажан од погорниот впечаток дека Србите се продадени пички. Оваа колумна им ја должам на Србите, особено оние кои се борат во нашите редови! И за тоа трпат голем терор, јадат ќотек, трпат финансиски и секако, но пред сè ја сметаат Македонија и за своја земја. Во овие гомна сме сите заедно, заедно ќе испливаме на површината и ќе се спасиме од ова зло кое нè снајде!

Извор: Мактел