Star Wars митологија

19.11.2015 14:51
Star Wars митологија

Францускиот уметник Тревис Дурден создава класични скулптури инспирирани од серијалот Војна на ѕвездите. Користејќи ја дигиталната технологија, уметникот скулптурите ги изработува од вештачки мермер, па ликовите изгледаат како да се директно извлечени од франшизата на филмот, а нивните тела се изработени според класичните статуи во Лувр во Париз.

Неговите дела можат да се толкуваат како помеката страна на ликовите од научно-фантастичниот филм. Дарт Вејдер е обликуван со мека коса и нежни гестови со рацете кои претставуваат слика на благост. Боба Фет е портретиран како нежно се наведнува надолу, а со тоа покажува знаци на понизност.


Јода е прикажан како херувим, како една фигура која асоцира на мир и спокој. Сторм Трупер е прикажан во облека, како држи парче папирус во кое се содржани древните знаења. Генералот Гривус драматично посегнува по лак и стрела. Дурден е заинтересиран за бинарни датотеки и создавање на нови значења преку спојување на навидум спротивставени сили.

Дури и неговото име, Травис Дурден, е псевдоним создаден од комбинација на имиња земени од два од неговите омилени филмови. Тој ги користи моделот на класичната скулптура за да ги редизајнира ликовите од Star Wars кои наликуваат на богови, третирајќи ги како подеднакво значаен дел од културната историја.


Се чини дека скулптурите на Дурден сугерираат дека културните икони навистина станаа предмет на обожување. Дали ликовите од серијалот Војна на ѕвездите во иднина ќе бидат перцепирани како што денес гледаме на грчките статуи?

Делата на Травис Дурден се дел од големата тематска изложба на Star Wars насловена како Contre Attaque која е изложена во Галеријата Сакура во Париз.

Извор: beautifuldecay.com

 

Слични содржини

Фотографија / Филм / Историја
Јавни Простори / Филм

ОкоБоли главаВицФото